Илија Спировски

македонски комунист и учесник во НОБ
(Пренасочено од Спировски Илија)

Илија Спировски-Панде (1920 во с. Избишта1971 во Белград) — македонски комунист, учесник во НОБ и народен херој.

Илија Спировски
Роден 1920
Избишта, Кралство Југославија
Починал 1971
Белград, СФРЈ СФР Југославија

Животопис

уреди

Учел во граѓанското училиште во Ресен и во Вишата трговска академија во Битола. После Втората светска војна се запишал на Економскиот факултет во Скопје, кој го завршил со просек 10,00.

Другарувал со народниот херој Мите Богоевски. Тие заедно дејствувале во скоевската организација и во повеќе акции против асимилаторската и денационализаторската политика на големосрпскиот режим.

Ја добил партизанската споменица 1941, Орден за храброст и други одликувања. Активно бил вклучен во партиската организација во Ресен. Веднаш по фашистичката окупација раководел со Фондот за прибирање оружје, храна, облека и други средства потредбни за вооружената борба.

Станал заменик-политички комесар на одредот „Даме Груев“. Бил учесник на Февруарскиот поход. Исто така, бил секретар на Првенството на КПМ за Преспа и заменик-политички комесар на батаљонот „Стив Наумов“.

По ослободувањето заземал повеќе раководни должности: секретар на ОК на КПМ во Ресен, секретар на Окружниот народноослободителен одбор во Битола, Министер за финансии во Владата на НРМ, директор на Народната банка на Македонија (гувернер), републички и сојузен пратеник.

Починал во 1971 година во Белград на ВМА. Закопан е во Алеата на великаните во Скопје.