Филип Ан (англиски: Philip Ahn, роден како Пил Лип Ан (корејски: 안필립), 29 март 1905 во Лос Анџелес, Калифорнија, САД - 28 февруари 1978 во Лос Анџелес) бил американски глумец и активист со корејско потекло. Снимил преку 180 филмови и телевизиски епизоди меѓу 1935 и 1978 година со што станал еден од најпознатите азиско-американски карактеристични глумци.[1] Многумина го сметаат за првиот корејско-американски глумец во Холивуд.[2]

Ан во Кунг Фу

Ан е син на Досан Ан Чанг-хо, активист за корејска независност. Долги години Ан се залагал за зачувување на делото на својот татко и за корејско-американската заедница. Тој помогнал при основањето на меморијален дом за неговиот татко во Сеул, Кореја и подоцна договорил татковите мошти да бидат погребани на тоа место.[2]

Наводи уреди

  1. „Philip Ahn“. IMDb. Посетено на 2020-07-04.
  2. 2,0 2,1 „Philip Ahn, the first Asian actor in Hollywood“. K Crush America Magazine (англиски). 2015-06-02. Посетено на 2020-07-04.