Водно

планина во Скопско

Водно — средновисока планина сместена во јужниот дел на Скопската Котлина. Има поволна географска положба, бидејќи во негова близина се наоѓаат важни патишта, железници и најпрометното место во земјата, градот Скопје.

Водно
Поглед кон планината
Највисока точка
Надм. вис.1.066 м
Географија
Водно на карта

Карта

ПокраинаMK
Милениумскиот крст

Највисоката точка на Водно е врвот Крстовар, висок 1066 м.[1] каде се наоѓа колосалниот Милениумски крст. До крстот сообраќа кабинска жичница која го носи неговото име.

Клима уреди

Климата на Водно е пријатна, типично планинска. Во различни периоди од годината климата е многу различна така што средната температура е 23 С°. Најниската измерена температура во месец јануари 2005 г. изнесувала -15 С°, а највисоката измерена температура во месец јули истата година изнесувала 43 С°.

Хидрографија уреди

Водно има разновидна хидрографска мрежа: потоци, подземни води, водопади и извори. На Водно има многу потоци кои овчарите ги користат за напојување на стоката и делумно за наводнување на дивите костени.

На Водно има два типа на подземни води: артерски и бунари.

Објектите што се на повисока надморска височина ги користат артерските подземни води, а објектите кои се на пониска надморска височина ги користат бунарите.

Водата е бактериолошки и хемиски исправна за која заводот за здравствена заштита има издадено потврда.

Водно може да се пофали со еден мини-водопад од страна на селото Долно Соње кој е висок окулу 15 метри и е поактивен на пролет, кога се топи снежната покривка.

На Водно има и многу извори кои се користат за потребните за околното население.

Растителен свет уреди

Од растителниот свет на планината Водно може да се сретнат зимзелени и листопадни растенија.

Од листопадните растенија на Водно најзастапен е дивиот костен, но има и бреза, липа, даб, габер и др.

Од зимзилените растенија кои се во поголем број од листопадните, најзастапен е борот кој го има и на двете страни од планината Водно. Со помала застапеност е и смреката, а има застапено и зеленика и ели кои се со незначителен број.

Животински свет уреди

Претставници од животинскиот свет се следниве:

Водно денес уреди

Водно денес и покрај тоа што е значаен туристички центар има мала посетеност на туристи и туристичко-угостителски објекти.

Државата треба повеќе да вложува во природните убавини што ги има планината Водно, но и посетителите не треба да ги оставаат огновите недогасени, ѓубрето честопати насекаде е расфрлано а има и доста диви депонии на кои се фрла смет во големи количини. Тоа е една од пречките зошто Водно нема доволно туристи. Но најголема пречка е тоа што Водно нема стратегија за развој на туризмот.

Посетеноста на Водно е релативно слаба бидејќи нема доволно информативен и пропаганден материјал со кој би ги привлекол туристите.

Рекреативен туризам уреди

 
Манастирската црква „Св. Пантелејмон“ во Горно Нерези

Водно ги има сите предуслови за развој на рекреативниот туризам, бидеќи ги има сите потенцијали. Тоа се следниве:

Водопад Прскало уреди

Постојка и одморалиште на велосипедската патека и другите патеки во склоп на пределот село Д. Соње - „Борчиња“. Водопадот е реткост за околината на Скопје и тоа е причина повеќе туристите да го посетат.

  • Пределот од село Д. Соње до месноста „Борчиња“ според селските топоними
  • Приватно ловиште на западната страна на Водно
  • Зоолошка градина на Средно Водно
  • Спортско село на североисточната страна на планината
  • Камп за летување и зимување на јужната страна
  • Патека за пешачење и џогирање за во вечерните часови на подножјето на северниот дел.
  • Велосипетска патека околу планината
  • Извидничко-туристички предел

Пределот „село Д. Соње - Борчиња“ е еден од најатрактивните предели на планината, создадени и оптстојани без човечка помош, речиси недопрени со исклучок на ловџиите. Може да се направи мотел кој ќе опслужува како воздушна бања и центар за рехабилитација.

Приватно ловиште за да се зачува природата и животинскиот свет. Ловиштето треба само да ги размножува постоечките видови и да не лови од другите зони.

Зоолошка градина од поинаков карактер, во којашто животните наместо во кафези, би биле оградени со жица и во која животните би ги набљудувале во нивната природна средина на живеење.

Спортското село би било камп во кој спортистите би доаѓале на подготовки, и тоа спортското село би било „расадник“ за млади спортисти.

Кампот за летување и зимување би бил составн од една ливада со сите услови за кампување и тој камп би работел за време на летната и зимската сезона.

Патека за пешачење-џогирање и велосипетска патека се голема потреба на планината и би биле од голема корист.

Велосипедизам уреди

Планината Водно нуди извонредни услови за развој на планински и друмски велосипедизам. Многу често шумските патеки се користат од планинските велосипедисти коишто ги споделуваат заедно со планинарите под мотото „Споделуваме и се почитуваме“.

До врвот на планината Водно, наречен Крстовар, се стигнува од две страни. Од северната страна се стигнува по асфалтен пат што започнува кај основното училиште Кочо Рацин и е во должина од 11,6 километри. Овој пат во почетокот е широк булевар со три сообраќајни ленти и велосипедска патека. Потоа се стеснува, но сè уште нуди простор за автомобили и друмски велосипедисти. Овој пат прави вкупна висинска разлика од 770 метри, со просечна косина од 6,6%. Овој пат нуди прекрасен поглед на градот и места специјализирани за одмор, т.н видиковци. Сообраќајот е дозволен до Средно Водно, каде што е поставена рампа за забрана за автомобилите, и започнува пат отстапен само за пешаците и велосипедистите. Најстрмниот дел започнува после местото викано „Детско одморалиште“. Овој пат има и опција за пристап преку селата Долно и Горно Нерези. На овој пат се одржува трката во друмски велосипедизам како дел од манисфестацијата Прв до врв. Актуелен шампион и велосипедист со најбрзо време е Горан Кузмановски.

Јужниот пристап кон врвот започнува во селото Долно Соње и се движи по широк тампониран неасфалтиран пат. Овој пат е во должина од 7,9 километри и се добива вкупна висинска разлика од 390 метри со просечна косина од 4,9%. Овој пат нуди прекрасен поглед  на јужните падини на планината Водно и Мокра Планина со врвот Солунска глава. Овој пат најчесто го возат планинските велосипедисти заради типот на подлогата.

Водно како мотив во уметноста уреди

  • „Водно“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[2]
  • „Песна на лозите во лозјата на Водно“ — песна на Блаже Конески од 1955 година.[3]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Marković, Jovan Đ (1968). Fizička geografija Jugoslavije (2. изд.). Naučna knjiga.
  2. Блаже Конески, Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 67-68.
  3. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 56.

Надворешни врски уреди