Ајхсфелд (германски: Eichsfeld; буквален превод: „дабово поле“) — историска област во југоисточниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија (каде е наречена „Долен Ајхсфелд“ - Untereichsfeld) и во северозападниот дел на сојузната покраина Тирингија (каде е позната како Горен Ајхсфелд - Obereichsfeld) во јужните делови на планинскиот масив Харц. До 1803 година, Ајхсфелд со векови била дел од Архиепископијата Мајнц, што е причината за моменталната состојба на католичка енклава во преовладувачката протестантска област на северот од Германија. По Втората светска војна и поделбата на два дела на Германија во 1945 година, делот од Западна Германија станал дел од округот Дудерштат. Неколку мали размени на територии се случиле помеѓу американската и советската окупациска зона според Ванфридскиот договор.

Карта на Ајхсфелд од 1900 година

Географија уреди

 
Вообичаен пејзаж во Ајхсфелд: Села помеѓу села и пошумени ридови

Денес, најголем дел од Горен Ајхсфелд се наоѓа во округот Ајхсфелд. Другите делови припаѓаат на округот Унштрут-Хајних. Долен Ајхсфелд, подоцна Округ Дудерштат, главно се наоѓа во округот Гетинген, додека Линдау станал дел од Катленбург-Линдау, кој денес е дел од округот Нортхајм.

Градови во областа Ајхсфелд се: Дудерштат, Хајлбад Хајлигенштат, Лајнефелде-Ворбис и Дингелштет.

Историја уреди

 
Карта на Ајхсфелд од 1759 година

Ајхсфелд бил првпат споменат во 897 година, а во 1022 година Архиепископијата Мајнц ги запишала своите поседи во областа, кои се зголемиле до 1573 година. Долен Ајхсфелд станал дел од Ајхсфелд откако бил дел од Брауншвајг-Линебург и Грубенхаген помеѓу 1342 и 1434 година.

Во текот на Германската селанска војна во рамките на слободниот царски град Милхаузен, поголемиот дел од манастирите, црквите и замоците биле ограбени и поголем дел од Ајхсфелд станал протестантски.

Во 1575 година, Исусовците успешно оствариле контрареформација во Ајхсфелд. Триесетгодишната војна го зафатила Ајхсфелд во 1622 година и во текот на следните години неколку армии (шведска, данска, тириншка) ја уништувале областа. Според Вестфалскиот мир, Архиепископијата во Мајнц повторно го воспоставила католицизмот во областа, која била уништена над две третини и изгубила 75% од своето население.

Во текот на Наполеоновите војни, Ајхсфелд бил дел од Кралството Вестфалија, кое било распуштено по победата над Наполеон во Битката кај Лајпциг.

Од 1949 до 1990 година, Горен Ајхсфелд припаѓал на Источна Германија. Во оваа атеистичка држава, луѓето ги зачувале своите католички корени и црковниот живот останал релативно нечепнат.

Политика уреди

Во согласност со традиционализмот во Ајхсфелд, процентот на гласачи за ДХС е значително повисок отколку во околината.[1]

Наводи уреди

  1. „Kreistag of the district Eichsfeld“. Архивирано од изворникот на 2007-07-01. Посетено на 2016-02-18.

Надворешни врски уреди

51°19′48″N 10°15′00″E / 51.33000° СГШ; 10.25000° ИГД / 51.33000; 10.25000