Космос-2044: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Вештачки сателит|центар| |име=Космос-2044 |производител= |тип на мисија=биоексперимен...
(нема разлика)

Преработка од 20:50, 9 септември 2019

Космос-2044,(Бион-9 и Биокосмос-9) — еден од преку 2.400-те советски вештачки сателит лансиран како дел од програмата Космос.

Космос-2044
Тип на мисија биоекспериментален сателит
Датум на лансирање 15 септември 1989
Место на лансирање Плесецк, СССР
Орбитален наклон 82,3 °
Орбитален период 114,0 минути
Апоапсида 294 км
Периапсида 216 км
Меѓународна ознака 1989-075A

Сателитот имал намена за биолошки истражувања. Заедно учествувале 9 земји и европската вселенска агенција (ЕСА). Направени се вкупно 80 експерименти, меѓу кои се и испитување на мачнината при летање, репродукцијата, регенерацијата, имунологијата, и реадаптацијата при нормална гравитација. Експериментите биле изведени на глодари, дождовници, риби, овошни мушички, мравки, црви, клетки и семиња. Исто така како патници биле вклучени и два мајмуни макаки.

Капсулата за слетување се вратила на земјата после 14 дена, но некои од организмите погинале поради грешка на контролата на температурата во кабината.

Поврзано

Литература

Надворешни врски