Продуценти (филм): Разлика помеѓу преработките

филм
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 00:18, 15 декември 2014

Продуценти (англиски: The Producers) е американски филм, во режија на Сузан Стромен. Главните улоги ги толкуваат: Ума Турман и Метју Бродерик.

Содржина

Дејството на филмот се одвива во Њујорк, во 1959 година. Макс Бијалисток, некогашен крал на Бродвеј, сега доживува само неуспеси, бидејќи секоја претстава му завршува со премиерата. Работите се менуваат кога ќе го посети невротичниот сметководител Лео Блум. Двајцата смислуваат шема како да соберат повеќе пари од потребното, а потоа да направат претставата да пропадне и така да остварат заработка од вишокот пари. Нивниот план изгледа совршено: тие ја наоѓаат претставата од избеганиот нацист Франк Либкен под наслов „Пролет за Хитлер“ и ја претвораат во мјузикл. Се приближува премиерата, кога работите тргнуваат наопаку...[1]

Наводи

  1. Антена, број 859, 12.12.2014, стр. 17.