Јохан Бајер: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: [[Податотека:Uranometria orion.jpg|мини|десно|Илустрација на соѕвездието [[Орион (соѕвездое)|Ори...
(нема разлика)

Преработка од 11:57, 23 април 2011

Јохан Бајер (герм. Johann Bayer), (15727 март 1625) е германски правник и астрономски картограф. Роден е во 1572 г во Рајн, Баварија. Во 1592 запишал философски студии во Инголштат, а подоцна се преселил во Аугсбург и станал правник. Таму почнал да ја изучува и практикува астрономијата. Во 1612 станал правен советник на градската управа на Аугсбург. Починал во 1625.

Илустрација на соѕвездието Орион во Бајеровата „Уранометрија“

Бајер е најпознат по неговиот ѕвезден атласУранометрија“ (Uranometria, 1603), што претставува првиот атлас на сета небесна сфера.[1] Во него вовел нов систем на означување на ѕвездите, подоцна наречен „Бајерово означување“. Во делото се вклучени 12 нови соѕвездија од јужниот крај на небото што не им биле познати на грчките и римските астрономи.

Во негова чест е именуван кратерот Бајер на Месечината.

Поврзано

Наводи

  1. Asimov, Asimov's Biographical Encyclopedia of Science and Technology, II преработено издание

Надворешни врски