Соборна црква „Св. Спас“ - Нижни Новгород
Соборна црква „Св. Спас“ (руски: Спа́сский Староя́рмарочный собо́р) — една од православните соборни цркви во Нижни Новгород, Русија. Изградена е помеѓу 1816 и 1822 година според плановите на Агистен де Бетанкур и Огист де Монферан. Од 1989 година до септември 2009 година, таа била епархиска соборна црква на епархијата Нижни Новгород и Арзамас. Градбата е објект од архитектонското наследство на Руската Федерација.
Соборна црква „Св. Спас“ | |
---|---|
Спасский Староярмарочный собор | |
Основни податоци | |
Припадност | православен храм |
Општина | Нижни Новгород |
Земја | Русија |
Мреж. место | официальный сайт |
Историја
уредиСоборната црква била изградена во неокласичен стил помеѓу 1816 и 1822 година, на левиот брег на реката Ока. Поради мочурливото земјиште и честата изложеност на поплави, црквата е изградена по урнек сличен на оној на наколните живеалишта. Плановите се дело на Агистен де Бетанкур, додека градежните работи ги раководел Французинот Огист де Монферан.[б 1]
Соборната црква била осветена на 25 јули 1822 година. На крајот на 19 век, таа била обновена со измени од Роберт Килевајн. Во 1899 година, имало опасност високата камбанарија да се урне, па во 1906 година била заменета со нова камбанарија со поскромни димензии.
По Октомвриската револуција од 1917 година, соборната црква била затворена и претворена во складиште. Во април 1989 година, советските власти одлучиле да ѝ ја вратат на православната заедница и да започнат со реставраторски работи. Била епархиска соборна црква до 2009 година, кога станала обична црква.[б 2]
Патријархот Кирил ја посетил соборната црква Свети Спас на 11 септември 2009 година. Притоа тој го отворил споменикот посветен на жртвите од Чернобилската несреќа, на кој е прикажан ангел со вкрстени раце на украсен гранитен постамент со библиски наводи и имињата на жртвите.
Опис
уредиИконостасот на соборната црква е насликан според стилските правила на тичинскиот сликар Џузепе Антонио Марија Торичели. Тоа предизвикало огорчени реакции кај многу верници, бидејќи не ги зема предвид класичните канони на иконописот. Навистина, некои слики содржат делумно голи фигури што ги скандализирало луѓето од тоа време. Затоа, бил изработен уште еден иконостас, творба на Васили Стасов. Фреските се дело на Александар Стоупин.
Главниот олтар на соборната црква е посветен на „Преподобно дрво на Животворниот Крст на Спасителот“, додека споредните параклиси се посветени на Свети Макариј Унженски и Свети Александар Невски. Највпечатливите икони на оваа црква се иконите на Светото лице на Спасителот, на Богородица утешителка на настраданите, на Свети Серафим Саровски, на Свети Петар Московски, на Свети Инокентиј Московски и на Јуриј II Владимирски, основач на градот во 1221 година.
Галерија
уреди-
Поглед на катедралата
-
Страничен поглед
-
Фасадата
-
Поглед од крајот на патеката
-
Куполата
-
Иконостасот
Белешки
уреди- ↑ Агистен де Бетанкур бил архитект на саемот во Нижни Новгород веднаш до соборната црква. Што се однесува до Огист де Монферан, тој е познат по градбата на впечатливата катедрала Свети Исак во Санкт Петербург.
- ↑ Навистина, во 2009 година, кога конечно била обновена Соборната црква Свети Александар Невски во Нижни Новгород, таа станала соборна црква на епархијата. Црквата Свети Спас тогаш станала обична црква, иако меѓу православните останува името „соборна црква“, без да биде седиште на епископот како кај католиците.