Снофру
Снофру (snfr-wj „Ме усоврши“, од Hr-nb-mꜣꜥt-snfr-wj „Хор, господар на Маат, ме усоврши“, исто така прочитано како Снефру или Снофру),[4] добро познат под неговото хеленизирано име Сорис (Koinē грчки според Манетон), бил првиот фараон на Четвртата египетска династија за време на Старото Кралство. Проценките за неговото владеење се разликуваат, на пример, Оксфордската историја на Стариот Египет сугерира владеење од околу 2613 до 2589 година п.н.е.[5], владеење од 24 години, додека Ролф Краус сугерира 30-годишно владеење[6] и Рајнер Штаделман 48-годишно владеење.[7] Тој изградил најмалку три пирамиди кои преживеале до денес, и вовелел големи иновации во дизајнот и изградбата на пирамидите.
Снофру | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Снеферу, Снефру, Сенеферу, Сорис | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Статуа на Снофру, Египетски музеј | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Фараон на Египет | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Владеел | 24, 30 или 48 години[1] c. 2600 BC, Четврта династија | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Претходник | Хуни[2] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Наследник | Хуфу | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Владетелски звања
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Сопружници | Хетеферес I | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Деца | Хуфу, Анкхаф, Канефер, Нефермаат, Нетјерапереф, Рахотеп, Ранефер, Ијнефер I, Хетеферес А, Неферткау I, Нефертнесу, Мерититес I, Хенутсен | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мајка | Мересанх I | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Закопан | Црвена пирамида ? | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Споменици | Медум пирамида, Свиткана пирамида, Црвена пирамида |
Должина на владеењето
уредиКралскиот список од Торино прикажува 24 годишно владеење на Снофру, и денес се смета дека е малку, и дека Снофру владеел со Египет најмалку 27 години.
Според Каменот од Палермо, Снофру владеел најмалку 28 години. Бидејќи постојат многу периоди во владеењето на Снофру, овој фараон, најверојатно, владеел повеќе од 30 години за да успее да изгради три пирамиди во своето долго владеење, но не 48 години.
Семејство
уредиСнофру бил првиот крал на четвртата династија на древниот Египет, кој според Манетон владеел 24 години (2613-2589 п.н.е.).
Извор од Средното Кралство, го поддржува фактот дека фараонот Хуни бил претходник на Снофру. Во него се вели дека „неговото величество кралот на Горниот и Долнио Египет, Хуни, дошол до местото за лежење (т.е. умрел), а неговото величество кралот на Горниот и Долниот Египет, Снофру, бил прогласен за корисен владетел во целата оваа земја. . .“[8] Од овој текст дознаваме дека подоцнежните генерации го сметале за „корисен“ владетел. Оваа идеја може да произлезе од етимологијата на името на кралот.[9] Не е сигурно дали Хуни бил таткото на Снофру; сепак, Каменот од Каиро означува дека неговата мајка можеби била жена по име Мересанкх.[10]
Хетеферес I била главната жена на Снофру и мајката на Хуфу,[11] градителот на Големата пирамида на платото Гиза.
Градежни проекти
уредиНајпознатите споменици од владеењето на Снофру се трите пирамиди за кои се смета дека ги изградил тој во Дахшур: Свиткана пирамида, Црвена пирамида и Медум (пирамидата во Медум). За време на владеењето на Снофру, имало голема еволуција во монументалните пирамидални структури, што ќе доведе до Големата пирамида на Хуфу, која се смета за врв на величественоста и раскошот на Старото Кралство, и за еден од седумте светски чуда на антички свет.
Првата од големите градби на Снофру е пирамидата во Медум. Постои одредена дебата меѓу научниците за тоа дали Снофру е градителот на оваа пирамида, а многумина го сметаат фараонот Хуни за нејзин градител. Сепак, пирамидата е извонреден пример за напредокот на технологијата и за идеологијата околу погребното место на владетелот.
Свитканата пирамида, исто така позната како ромбоидна или преплавена пирамида, потврдува уште поголем пораст на архитектонските иновации. Како што сугерира името, аголот на наклонот се менува од 55° до околу 43° во горните нивоа на пирамидата. Многу е веројатно дека пирамидата првично не била дизајнирана да биде изградена на овој начин, но била изменета за време на градењето поради нестабилните слоеви на почвата. Како средство за стабилизирање на структурата, горните слоеви биле поставени хоризонтално, со што се напуштил концептот на слојната пирамида.[12] Исто така, постојат два влеза, еден од север и еден од запад. Подземните комори се многу поголеми и се разликуваат од ѕидовите и таваните на коридорите со покомплексни дијагонални портикулисни системи.
Со зголемувањето на иновациите во градежните проекти на Снофру, се очекува неговата последна пирамида, Црвена пирамида, да покаже најголема сложеност и промена во архитектурата. На прв поглед, се чини дека изградбата на Црвената пирамида навидум е поедноставна од претходната. Египтологот Џ.П. Лепре е убеден дека постојат тајни комори кои чекаат да бидат откриени во рамките на камената градба. Бидејќи останките на кралот Снофру сè уште не се пронајдени, можно е неговиот саркофаг и мумијата да лежат скриени во неговата мистериозна последната пирамида.[13] Дали оваа претпоставка е вистинита или не, е оставена на современите археолози за да се утврди.
За да можел Снофру да преземе такви масовни градежни проекти, тој морал да обезбеди работна рака и материјали. Освојувањата на Снофруво Либија и Нубија служеле за две цели: првата цел била да се добие работна сила, а втората цел била да се добие пристап до суровините и специјалните производи што биле достапни во овие земји.[14] Ова се споменува во Каменот од Палермо.
Според овој натпис, Снофру можел да зароби голем број луѓе од други нации, да ги направи затвореници и потоа да ги присили да бидат работна сила. За време на неговите освојувања во Нубија и Либија, тој, исто така, го заробил добитокот заради одржување на неговата масовна работна сила. Ваквите упади мора да биле неверојатно катастрофални за населението на тие држави, и се претпоставува дека походите во Нубија можеле да придонесат за ширење на културата на А-групата во тој регион.
Воените напори на Снофру во древна Либија довеле до заробување на 11.000 затвореници и 13.100 глави на добиток.[15] Освен обемниот увоз на кедар (најверојатно од Либан), постојат докази за активност во рудниците за тиркиз на Синајскиот Полуостров.[16] Исто така, имало големи проекти во каменоломите за да се обезбеди каменот што му бил потребен за неговите пирамиди.
Бродот од кедрово дрво на Снофру „Пофалба на двете земји“ е првиот познат пример на брод кој имал име.[17]
Наводи
уреди- ↑ Thomas Schneider: Lexikon der Pharaonen. Albatros, Düsseldorf 2002, ISBN 3-491-96053-3, page 278–279
- ↑ A. Dodson & D. Hilton, The Complete Royal Families of Ancient Egypt, Thames and Hudson Ltd: London, 2004.
- ↑ Alan H. Gardiner: The royal canon of Turin
- ↑ Homs, George. „Snefru . Pharaoh of Egypt (± 2620-± 2547) » Stamboom Homs » Genealogie Online“. Genealogie Online (англиски). Посетено на 2019-03-05.
- ↑ Jaromir Malek in The Oxford History of Ancient Egypt, p.87
- ↑ Krauss, Rolf (1996). „The length of Sneferu's reign and how long it took to build the 'Red Pyramid'“. Journal of Egyptian Archaeology. 82: 43–50. JSTOR 3822113.
- ↑ Rainer Stadelmann: Beiträge zur Geschichte des Alten Reiches: Die Länge der Regierung des Snofru. In: Mitteilungen des Deutschen Archäologischen Institutes Kairo (MDAIK), Vol. 43. von Zabern, Mainz 1987, ISSN 0342-1279, p. 229–240.
- ↑ "The Instructions of Kagemni," Papyrus Prisse
- ↑ The Oxford History of Ancient Egypt, pg. 93
- ↑ The Complete Royal Families of Ancient Egypt, pg. 51
- ↑ The Complete Royal Families of Ancient Egypt, pg. 57
- ↑ An Introduction to the Archaeology of Ancient Egypt, pg.135
- ↑ The Egyptian Pyramids... pg. 54
- ↑ An Introduction to the Archaeology of Ancient Egypt, pg. 144
- ↑ Oxford History of Ancient Egypt, Pg. 107
- ↑ The Complete Royal Families, Pg. 50
- ↑ Anzovin, item # 5393, page 385 "Reference to a ship with a name appears in an inscription of 2613 BCE that recounts the shipbuilding achievements of the fourth-dynasty Egyptian pharaoh Sneferu. He was recorded as the builder of a cedarwood vessel called 'Praise of the Two Lands.'"
Литература
уреди- Anzovin, Steven et al., Famous First Facts (International Edition), H. W. Wilson Company, 2000, ISBN 0-8242-0958-3
- Andreu, Guillemette. Egypt in the Age of the Pyramids. Cornell University Press: Ithaca, 1997.
- Bard, A. Kathryn. An Introduction to the Archaeology of Ancient Egypt. Blackwell Publishing Ltd: Malden, 2008.
- [./https://en.wikipedia.org/wiki/Budge,_Wallis Budge, Wallis]. The Literature of the Ancient Egyptians. The Project Gutenberg. November 16, 2008 https://www.gutenberg.org/files/15932/15932-h/15932-h.htm#Pg_100
- Lepre, J.P. The Egyptian Pyramids, A Comprehensive Illustrated Reference. McFarland & Company: London, 1990.
- The Complete Royal Families of Ancient Egypt. Ed. Aidan Dodson & Dylan Hilton. Thames and Hudson Ltd: London, 2004.
- "The [./https://en.wikipedia.org/wiki/Instruction_of_Kagemni Instruction of Kagemni]." Ancient Egyptian Books of Wisdom. November 16, 2008, https://web.archive.org/web/20081013115157/http://egypt.thetao.info/kagemni.htm
- The Oxford History of Ancient Egypt. Ed. Ian Shaw. Oxford University Press: Oxford, 2000