Кларк Кент (Смолвил)

Кларк Кент (англиски: Clark Kent) e фиктивен лик од телевизиската серијата Смолвил. Ликот на Кларк Кент, првпат создаден за стрипови од Џери Сигел и Џо Шустер во 1938 како вистинскиот индититет на Супермен, е адаптиран за телевизија во 2001 од Алфред Гоф и Мајлс Милар — четврт пат како ликот е адаптиран за телевизиска серија. Кларк Кент е непрекинато толкуван од Том Велинг, со неколку други глумци играјќи го како дете. Ликот се има појавувано и во различни други дела засновани на Смолвил, од кое ниту едно не важи за продолжение од некоја епизода. Сè од 2007, Кларк Кент од Смолвил се има појавено во 18 младинско-возрасни романи.

Во Смолвил, Кларк Кент настојува да живее живот како едно нормално човечко суштество и се бори да ја зачува тајната за неговото вонземјанско наследство од неговите пријатели.[1] Тој има низа обиди за постојана врска со Лана Ленг, искушенија предизвикани од неговата неискреност поради својата тајна.[2] Наспроти претходните претставувања на ликот, овој Кларк Кент започнува како најдобар пријател на Лекс Лутор, откако му го спасува животот.[3] Нивното пријателство со тек на времето целосно се разобличува преобразувајќи се во меѓусебна омраза. Во Смолвил, своите моќи Кларк ги стекнува тековно. Несвесен за сите негови способности на почетокот на серијата; на пример, неговиот „вжештен вид“ и „супер-здив“ не се развиваат сè до втората и шестата сезона, соодветно.[4][5]

Развивајќи го ликот на Кларк од Смолвил продуцентите решиле да го приземат до „суштинското дно“ на Супермен;[6] тој не е безгрешлив, што и дозволува на публиката да ја види неговата човечност, но е „добар до корен“.[7] Критичарите го гледаат, а повеќе режисери прикажуваат како симболична претстава на Исус Христос.[8][9] Том Велинг е номиниран за неколку награди Избор на тинејџерите и Сатурн награди за неговата интерпретација на Кларк Кент уште од кога серијата ја започна првата сезона.

Наводи

уреди
  1. Simpson, Paul (2004). Smallville: The Official Companion Season 1. London: Titan Books. стр. 8–17. ISBN 1840237955 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).
  2. Episodes in which the pair start and end their relationship: Season two's "Exodus", season three's "Phoenix", season five's "Arrival" & "Hypnotic", season seven's "Fierce" & "Arctic"
  3. "Pilot". Alfred Gough, Miles Millar (writers) & David Nutter (director). Smallville. The WB. 2001-10-16. No. 1, season 1. 42 minutes in.
  4. "Heat". Mark Verheiden (writer) & James Marshall (director). Smallville. The WB. 2002-10-01. No. 2, season 2. 42 minutes in.
  5. "Sneeze". Todd Slavkin, Darren Swimmer (writers) & Paul Shapiro (director). Smallville. The WB. 2006-10-06. No. 2, season 6.
  6. name="genesis"
  7. name="Core"
  8. name="Owen 3"
  9. name="Byun"