Смилодон
Период: Ран плеистоцен до ран холоцен,
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Ѕверови
Семејство: Мачки
Потсемејство: Сабјозабни мачки
Племе: Смилодонтини
Род: Смилодон
Лунд, 1842
Species
Синоними
Смилодон
Смилодон
Смилодон

Смилодон или сабјозабна мачка (Smilodon) — исчезнат вид на големи мачки, сличен на денешниот тигар.

Таксономија

уреди

Во текот на 1830 година, данскиот природонаучник Питер Вилхем Лунд и неговите помошници пронашле фосили во варовнички пештери во близина на малиот град Лагоа Санта во Бразил. Меѓу илјадниците фосили пронајдени, тој пронашол и фосили кои најпрвин сметал дека станува збот за хиени, но во 1839 година заклучил дека станува збор за посебен вид на мачки. Првично, Лунд сакал овој нов вид да го именува како Хиенодон, но официјално подоцна фосилот бил именуван како смилодон, според старогрчките зборови σμίλη (насмевка) и ὀδoύς (заб). Веќе во 1846 година, Лунд ги добил речиси сите делови од скелетот (од различни лица)[1][2].

Фосили од Смилодон биле откриени во Северна Америка во втората половина на 19 век[1].

Појава и распространетост

уреди

Предците на смилодонот се појавиле во Стариот Свет и се верува дека дошле во Северна Америка преку Беринговиот премин пред околу 18 милиони години. После успешното населување во Америка, античките мачки продолжиле да еволуираат во широка лепеза од различни видови, секој со специјализирани одлики најдобро усовршени за околината во која живее. Негов директен предок е најверојатно мегантереонот кој егзистирал во Евроазија но успеал да премине и во Америка каде одлично се снашол. Тој во фазата пред неговото „изумирање“ имал огромни сличности со смилодонот и овој период коинцидира со појавувањето на самиот смилодон. Всушност се претпоставува дека мегантереонот не изумрел туку преминал (еволуирал) во смилодон, со што значително го променил својот изглед, големина и плен.

Смилодонот е веројатно најдобро познатата сабјозабна мачка, бил голем и моќен грабливец кој доминирал во регионот на западните брегови на Северна Америка за време на Плиоценот па сè до крајот од последното Ледено доба. Смилодонот не е само најдобро познат туку и најскорашен во базите за фосили, егзистирајќи до пред само 10,000 години. Животниот стил и социјалниот однос на смилодонот се шпекулативни. Проучувањата на денешните фелиди т.е мачки нудат само заклучоци но не и дефинитивни одговори. Дали смилодоните живееле во групи и ловеле како чопор или имале самотен живот, може само да се претпоставува, а најверојатно тоа зависело од околината во која егзистирале. Доколку живееле на место каде што теренот е многу поотворен, ловењето како чопор кој соработува би била поуспешна адаптација, но доколку живееле и се прикрадувале на својот плен во позатворен терен, каде прикрадувањето и елементот на изненадување се неопходни, многу поверојатно би било да е самотно животно.

Физичка одлика

уреди
Мачки

Проаилурус




Псевделурус





Пантери (тигар, лав, јагуар и леопард) 




Каракал




Јужноамерикански мачки (Оцелот) 




Мачки (Домашни мачки) 




Јагуарунди




Мирациноникс (Американски гепард)



Пума 










Динофелис





Нимравидес




Махајроди




Хомотериум



Ксеносмилус







Парамаширодус




Мегантереон




Smilodon gracilis




Smilodon populator



Smilodon fatalis











Смилодонот имал огромни заби (горни песјаци) кои кај овој вид достигнувале и должина од 20 до 25 сантиметри. Можеле да ја отвораат својата вилица под агол од неверојатни 120 степени. Просторот во кој се сместени мускулите кои ја одредуваат силата на вилицата е прилично мал што значи дека немал многу силни вилици. Но, тоа е така поради неговите големи песјаци коишто ги употребувал откако ќе ја соборел својата жртва и ја каснувал онаму каде што нема коски (за да се намали ризикот од повреда на забите) и ја оставал да искрвави до смрт, за што не било потребно многу време со оглед на големината на раните кои ги задавал. Исто така, бил доста мускулест вид, претежно околу пределот на вратот и рамењата. Овие мускули кај смилодонот биле многу изразени и нивна улога практично била да го онеспособуваат пленот со силни удари и да можат да ги задржуваат на земја своите жртви, како би можеле да ги искористат своите сабјести заби. Како и денешните мачки имал вовлечливи канџи кои сами по себе се доволни за усмртување на пленот.

Доколку се направи споредба на денешната најкрупна и најсилна мачка, Сибирски тигар, кој со еден удар со својата шепа во глава може да усмрти бивол, смилодонот со своите поголеми шепи и канџи плус поголемата сила која доаѓа од мускулестиот грб, се претпоставува дека би можел да убие помлад мамут со еден удар во главата. Не бил многу брзо животно (одприлика колку денешните лавови), се претпоставува дека трчал со 55 до 60 км/ч, но бил одличен стартер и имал многу голем одскок, што е пресудно за грабливец кој му се прикрадува на својот плен. Смилодон можел да достигне до 350 кг и околу 120 см во височина на рамењата.

Смилодонот се смета за виновник за изумирањето на сите торбарски грабливци кои биле со средна големина или оние кои спаѓале во крупните грабливци. Поточно, торбарските грабливци кои живееле и доминирале со Јужна Америка пред да се спои со Северна Америка. Тогаш смилодонот преминал во Јужна Америка и за брзо време станал доминантен грабливец на континентот, на сметка на поголемите торбарски грабливци од кои најпознат е тилакосмилот. Иако тилакосмилот бил голем колку денешните јагуари, бил мускулесто животно а воедно имал и погелеми песјаци и од смилодонот т.е околу 30 см долги, сепак бил попримитивен грабливец и не успеал да му се спротисави на „помодерниот“ и поголем смилодон, што на крај резултирало со негово изумирање.

Исчезнување

уреди

Смилодонот бил еден од најуспешните видови на сабјозабни мачки. Причините за неговото брзо изумирање пред околу 10,000 г. се мистерија и може само да се даваат теории. Една од попопуларните теории сугестира дека климатските и вегетационите промени предизвикале драстично намалување на животните кои ги ловел смилодонот, па како последица и геномот на смилодон згаснал. Друга популарна теорија сугестира дека луѓето кои дошле во Новиот Свет ги ловеле животните кои претставувале плен на смилодонот до нивно истребување, па го осудиле и самиот Смилодон на иста судбина со оглед на тоа дека немал извор на храна. Но јасно како ден е дека луѓето од Новиот Свет и смилодонот се среќавале многу често бидејќи ловеле исти животни, па сигурно доаѓало и до судири во кои едниот од двата вида од врвен грабливец можел да стане плен за дел од секунда.

Литература

уреди
  • Antón, M. (2013). Sabertooth (1. изд.). Bloomington: Indiana University Press. ISBN 978-0-253-01042-1.
  1. 1,0 1,1 Antón 2013, стр. 3–26.
  2. Lund, P. W. (1842). Blik paa Brasiliens Dyreverden för sidste Jordomvæltning (дански). Copenhagen: Det Kongelige Danske Videnskabernes Selskabs Naturvidenskabelige og Matematiske Afhandlinger. стр. 54–57.