Задолжбина за историски места на Нов Зеланд
Задолжбина за историски места на Нов Зеланд (англиски: New Zealand Historic Places Trust, маорски: Pouhere Taonga) — непрофитна задолжбина кој се залага за заштита на родовски наледни места и објекти од културно-историско значење во Нов Зеланд. Основан е според Законот за историски места од 1954 г. и има за цел да „...се залага за распознавање, заштита, зачувување и конзервација на историското и културно наследство на Нов Зеланд.“
Лого на Задолжбината за историски места на Нов Зеланд | |
Цел | Заштита на објекти од културно-историско значење во Нов Зеланд |
---|---|
Седиште | Ентримски Дом, Булкот Стрит |
Место | Велингтон, Нов Зеланд |
Регион | Нов Зеланд |
Претседател | Џон Акланд |
Главно тело | Одбор на доверители |
Припадност | Министер за уметности, култура и културно наследство Министерство за култура и културно наследство Служба за заштита на природата Те Пуни Кокири |
Мреж. место | http://www.historic.org.nz/ |
Со задолжбината управува одбор на доверители, чиј моментален претседател е Џон Акланд, како и Совет за маорско наследство (Māori Heritage Council), чиј моментален претседател е Туму те Хеухеу. Централната управа е сместена во Ентримскиот Дом во Велингтон, со подрачни и месни ограноци во Керикери, Окленд, Тауранга, Велингтон, Крајстчерч и Данидн.
Организацијата го издава тримесечникот New Zealand Heritage.
Меѓу објектите во сопственост на задолжбината се вбројуваат Мисионерскиот Дом, Камената Продавница и мисиноерскиот дом Те Ваимате.
Регистар
уредиРегистарот на историски места е поделен на четири главни делови:
- Историски места
- Историски подрачја
- Свети маорски места
- Свети маорски подрачја
Историските места се распоредени во две категории:
- Категорија I - „...места од особено или инзвонредно историско или културно значење или вредност.“
- Категорија II - „...места од историско или културно значење или вредност.“
Совет за маорско наследство
уредиСоветот за маорско наследство работи во рамките на Задолжбината за историски места на Нов Зеланд и е основан со Законот за историски места од 1993 г. Функциите на советот[1] се следниве:
- заштита и регистрација на свети места и свети подрачја
- помагање на Задолжбината за да срочи и одразува двокултурни погледи при примената на неговите надлежности и функции
- укажување на помош на маорски семејства, подродови (хапу) и родови во зачувувањето и управувањето со нивните наследни ресурси
- разгледување на препораки во врска со археолошки наоѓалишта
- застапување на интересите на Задолжбината и Советот кои се однесуваат на маорското наследство на било кој јавен и маорски форум.
Поврзано
уреди„Задолжбина за историски места на Нов Зеланд“ на Ризницата ? |
Наводи
уреди- ↑ „Совет за маорското наследство - Задолжбина за историски места“. Посетено на 26 април 2009. (англиски)