Славчо Џеков

македонски универзитетски професор

Славчо Џеков (21 септември 1924 во Раклиш21 јануари 1999 во Скопје) – универзитетски професор, специјалист од областа на одгледувањето на шумите и за предметот дендрологија, декан на Шумарскиот факултет од 1982 до 1984 година.[1]

Славчо Џеков
Роден Славчо Џеков
21 септември 1924
Раклиш, Кралство Југославија
Починал 21 јануари 1999 (возраст: 74)
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање универзитетски професор

Животопис

уреди

Славчо Џеков е роден на 21 септември 1924 година во село Раклиш, Радовишко, Македонија. Гимназиското школување го започнал во Радовиш, а го завршил во Софија. Во учебната 1946/47 година се запишал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Земун, а дипломирал на новоотворениот Земјоделско-шумарски факултет во Скопје во 1950 година. Во 1952 година бил избран за асистент на предметот Дендрологија на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје. Докторирал во 1959 година на Шумарскиот факултет во Загреб на темата под наслов: „Систематски положај, географске и шумско узгојне особине домаће црне и сиве, као и одомаћене пирамидалне тополе у НР Македонији”. За доцент по предметот Дендрологија е избран во 1960 година, за вонреден професор во 1965 година, а во 1971 година за редовен професор по истиот предмет. Во периодот од 1967 до 1978 година ја изведувал и наставата по предметот Одгледување на шумите. Пензиониран бил на 1 октомври 1987 година. Починал во 1999 година.[2]

Се занимавал со проучување на дендрофлората, шумско-вегетациските односи и воведувањето на популикултурата во Македонија. Дал голем придонес во проучувањето на тополите и глоговите, при што открил нови видови. Публикувал бројни трудови во домашни и во странски списанија.

Творештво

уреди
  • Дендрологја, (учебник) Скопје 1987;[2]

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Џамија“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1638. Text "series " ignored (help)
  2. 2,0 2,1 Монографија 70 години Шумарски факултет