Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Славе Здравевски ( Скопје,13 јули 1948 - Скопје,12 април 2019 ) - македонски сликар

уреди
Славе Здравевски
Роден13 јуни 1948
Скопје, Југославија
Починал12 април 2019 (возр. 70)
Скопје,Македонија Македонија
НационалностМакедонец
ЗанимањеУметник

Животопис

уреди

Здравевски е роден во Скопје на 13 јуни 1948 година, од татко Стојан кој потекнува од крушевското село Горно Дивјаци и мајка Здравка од дебарско Горно Косоврасти.Живеел и израснал во скопското Ново Маало со неговите две сестри Снежана и Милка Поради тоа што живеел во Ново Маало,близу центарот на Скопје,бил во опсегнат со случките и настаните на градскиот скопски живот.

Талентот за цртање му се пронајдува уште во основно училиште од страна на професорите, поради големиот талент и љубовта кон сликарството училиштето само одлучува да го запише во средното уметничко училиште во Скопје. Основното образование го завршува во ООУ "Браќа Миладиновци"- Скопје во 1963 година. Истата година поради Разорниот скопски земјотрес,властите привремено го регрутираат во Сплит,Хрватска каде што таму започнува со средното уметничко училиште.

Во 1964 година се враќа од Сплит во Скопје и средното уметничко образование го продолжува во Училиштето за применета уметност - Скопје во класата на Петар Хаџи Бошков.Неговото прво уметничко дело го завршува во 1964 година на само свои 16 години.Поради финансиски причини четвртата година ја продолжува во учебната 1968/1969 година по пауза од после две учебни години.Средното уметничко образование го завршува во 1970 година.

Истата година се вработува во фабриката "Стаклара" во одделот за кристали како дизајнер.

Автор е на повеќе уметнички дела од кои денес дел од делата се уште се зачувани , но за жал за дел од нив се уште не се знае каде се денес. Здравевски најчесто пресликувал дела од познати светски автори како што се Франсиско Гоја и Пјер Огист Реноар, но имал и лично негови авторски дела ,како и портерети изработени од него. Во неговата уметничка збирка има и неколку вајарски скулптури и мозаици кои денес е наоѓаат во дворот на неговиот дом и неколку образовни институции како скулптурата на Браќа Миладиновци што се наоѓа во ООУ"Браќа Миладиновци"- Аеродром

Галерија на дела

уреди

Наводи

уреди

1.Приватна архива на С.Здравевски

2.Приватна галерија на С.Здравевски

3.15 SODOBNIH MAKEDONSKIH LIKOVNIH UMETNIKOV, MODERNA GALERIJA, LJUBLJANA, SLOVENIJA, 2 октомври 1979 - 18 октомври 1979