Синагога Ножик
Синагога Ножик (полски: Synagoga Nożyków) — единствената преживеана еврејска синагога во Варшава, Полска. Таа била изградена во 1898-1902 и била обновена по Втората светска војна. Сè уште е во функција и во моментов во неа се наоѓа седиштето на Варшавската еврејска заедница како и други еврејски организации.
Синагога Ножик Synagoga Nożyków | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Варшава, Полска |
Координати | 52°14′10″N 21°00′04″E / 52.23611° СГШ; 21.00111° ИГД |
Припадност | Јудаизам |
Духовно-организациски статус | активна |
Водство | рабин Михаел Шудрих |
Мреж. место | http://www.warszawa.jewish.org.pl |
Архитектонски опис | |
Архитект(и) | Карол Козловски |
Архитектонски стил | Неороманика |
Завршен | 1902 |
Чинење | 250.000 рубли |
Особености | |
Сместивост | 600 |
Историја
уредиПред Втората светска војна, Еврејската заедница Варшава, како една од најголемите еврејски заедници во светот во тоа време, имала над 400 синагоги. Меѓутоа, на крајот на 19 век само две од нив биле како посебни структури, додека останатите биле помали капели поврзани со училишта, болници или приватни домови.
Најраната Кружна синагога во околината на Прага служела на локалната заедница од 1839 година, додека Големата синагога (подигната во 1878 година) била изградена за реформираната заедница. Набргу потоа се појавила потреба да се изгради храм и за православното еврејство. Помеѓу 1898 и 1902 година, Залман Ножик, познат варшавски трговец, и неговата сопруга Рифка, ја финансирале изградбата на храмот.
Зградата била дизајнирана од познатиот архитект од Варшава, Карол Козловски, автор на салата на Варшавската филхармонија. Фасадата е во неороманика, со значајни нео-византиски елементи. Самата зграда е правоаголна, со внатрешна комора поделена на три патеки.
Синагогата била официјално отворена за јавноста на 26 мај 1902 година. Во 1914 година основачите ја донирале на Варшавската еврејска комуна. Во 1923 година зградата била реновирана од страна на Маурики Гродзински. Во септември 1939 синагогата била оштетена за време на воздушни напади. За време на Втората светска војна областа била дел од малото гето. По 1941 година Германците ја користеле зградата како штала и депонија.
Реставрација
уредиПо војната разрушената зграда била делумно реставрирана и се вратила на Варшавската Еврејска Комуна, но реконструкцијата не започнала до 1983 година. Во моментов таа е отворена за сите верници.
Надворешни врски
уреди- Синагога Ножик на Ризницата ?
- Nożyk Synagogue in Warsaw at Museum of the History of Polish Jews, Virtual Shtetl
- [1] Архивирано на 14 септември 2020 г.
- Photo gallery Архивирано на 7 декември 2017 г.
- More pictures and a short description Архивирано на 11 октомври 2007 г.