Суматрански тигар

Суматрански тигар
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Семејство: Felidae
Род: Panthera
Вид: P. tigris
Подвид: P. t. sumatrae
Триномен назив
Panthera tigris sumatrae
Pocock, 1929
Распространетост

Суматрански тигар (Panthera tigris sumatrae) е подвид на тигар кој го среќаваме на индонезискиот остров Суматра. Неодамнешните генетски истражувања откриле присуство на уникатен генетски маркер кој ги одвојува суматранските тигри од тигрите кои живеат на континентот[2]. Во моментот се смета дека во дивината има само 100-400 единки[3].

Особености

уреди

Суматранскиот тигар е најмалиот од сите денешни подвидови тигри. Мажјаците достигнуваат просечна должина од 204 сантиметри од главата до опашката и тежина од околу 136 килограми. Женките во просек се долги 198 сантиметри и тежат околу 91 килограм. Пругите на овие тигри се доста пооштри отколку кај другите подвидови, а и оставаат впечаток дека имаат поголема грива (поготово мажјаците). Нивната мала големина им овозможува полесно движење низ густите дождовни шуми. Суматранските тигри имаат и кожичка меѓу прстите, поради што се одлични и брзи пливачи. Познато е и дека спретноста во водата ја користат при ловењето – терајќи го нивниот плен во вода, најчесто копитари кои не се вешти пливачи.

Суматранските тигри најчесто ловат колеми копитари како дива свиња, малајски тапир и елени. Но понекогаш и помали животни како живина, мајмуни и риби. Орангутаните исто така можат да бидат плен, меѓутоа бидејќи поминуваат многу кратко време на земја, тигрите ретко успеваат да ги уловат.

Генетика и еволуција

уреди

ДНК анализите ја потврдиле хипотезата дека суматранските тигри останале изолирани од останатите популации по подигањето на нивото на морињата за време на границата помеѓу плеистоценот и холоценот (пред околу 12 000 – 6 000 години). Во согласност со оваа еволуција, суматранските тигри се генетски изолирани од останатите тигри кои живеат на континентот, и прават мала одделна група, во која тигрите се во блиско сродство меѓусебе[2].

Живеалиште

уреди

Единственото природно живеалиште на овие тигри е Суматра – голем остров во западна Индонезија. Го среќаваме било каде од низински шуми до субпланински и планински шуми, вклучувајќи и мочуришни шуми, како и многу незаштитени региони. Само околу 400 единки живеат во резервати и национални паркови. Најголемата популација од околу 110 тигриживее во Националниот Парк Гунунг Леусер. Резерватите не се многу сигурни, бидејќи и покрај напорите за заштита, голем број тигри секоја година се жртви на ловокрадството. Според Инфорормативниот центар за тигри и Светски фонд за природа во дивината нема повеќе од 500 единки. Константното губење на природното живеалиште многу ја отежнува борбата за заштита на овој тигар.

Заштита

уреди
 
Суматрански тигар во зоолошката градина во Мелбурн

Во 2007 година индонезиското министерство за надворешни работи и сафари паркот воспоставиле соработка со Австралиската зоолошка градина со цел заштита на суматранските тигри и други загрозени видови. Договорот за соработка е попишан на 31 јули 2007 година. Програмата вклучува заштита на суматрaнските тигри и други загрозени видови во дивината, напори за намалување на конфликтот меѓу тигрите и месното население и рехабилитација на суматранските тигри и нивно враќање во дивината.

Библиската зоолошка градина во Ерусалим, Израел е дел од меѓународната програма за парење на суматранските тигри со цел да се спаси подвидот од изумирање[3].

Во август 2009 крадци провалиле во зоолошката градина Таман Римба на Суматра и украле женка суматрански тигар[4].

Наводи

уреди
  1. Panthera tigris ssp. sumatrae. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 1996. Посетено на 11 мај 2006. Податоците содржат објаснување зошто овој подвид се смета да критично загрозен, како и критериумите врз кои е извршена проценката.
  2. 2,0 2,1 Cracraft J., Feinstein J., Vaughn J., Helm-Bychowski K. (1998). „Sorting out tigers (Panthera tigris) Mitochondrial sequences, nuclear inserts, systematics, and conservation genetics“. Animal Conservation. 1: 139–150. doi:10.1111/j.1469-1795.1998.tb00021.x.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. 3,0 3,1 „Hold That Tiger, Haaretz“. Архивирано од изворникот на 2009-08-27. Посетено на 2009-10-11.
  4. „Rare Tiger Killed, Body Stolen From Indonesian Zoo“. CBS News. Associated Press. 2009-08-23.

Надворешни врски

уреди