Се случи една вечер

(Пренасочено од Се случи една ноќ)

„Се случи една вечер“ (англиски: It Happened One Night) — филм од жанрот романтична комедија на американскиот режисер Френк Капра од 1934 година. Главните улоги ги играат: Кларк Гејбл, Клодет Колбер, Волтер Коноли, Роско Карнс и Џејмисон Томас. Приказната е засновата на краткиот расказ „Ноќен автобус“ од Семјуел Хопкинс Адамс, издаден во август 1933. „Се случи една вечер“ е една од последните романтични комедии направени пред филмското здужение на САД да започне со спроведувањето на продуцентскиот код во 1930. И порај насловот, дејствието во филмот се одвива неколку вечери.

„Се случи една вечер“
Филмскиот плакат
РежисерФренк Капра
ПродуцентФренк Капра
Хери Кон
Главни улогиКларк Гејбл
Клодет Колберт
Валтер Коноли
МузикаХауард Џексон
Луис Силверс
КинематографијаЏозеф Вокер
МонтажаЏин Хевлик
ДистрибутерColumbia Pictures
Премиерафевруари 22 1934 (1934-02-22)[1]
Времетраење105 минути
Земја САД
ЈазикАнглиски
Буџет$325,000
Бруто заработка$2,500,000[2]
$2,000,000 (ренти)

Филмот е добитник на наградата „Оскар“ во пет категории и се смета за еден од најдобрите филмови во историјата.[3] Всушност, тој е првиот филм кој ги освоил петте големи награди на Филмската академија на САД (најдобар филм, директор, глумец, глумица и сценарио), успех кој не бил повторен сè до 1975 година, кога филмот „Лет над кукавичјото гнездо“ ги освоил овие награди, а подоцна истото го постигнал и филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“ во 1991. Во 1993 година, „Се случи една вечер“ бил зачуван во Националниот филмски регистар на САД како „културолошки, историски или естетски значаен“.[4]

Академски награди

уреди

Филмот ги освоил сите пет награди за кои и бил номиниран:

Награда Резултат Победник
Најдобар филм Победник „Columbia Pictures“ (Френк Капра и Хери Кон)
Најдобар режисер Победник Френк Капра
Најдобар глумец Победник Кларк Гејбл
Најдобра глумица Победник Клодет Колбер
Најдобро сценарио, адаптација Победник Роберт Рискин

Синопсис

уреди

Еден богат човек, инаку строг татко, бара од својата разгалена ќерка (ја игра Колбер) да го поништи бракот со човекот за кого смета дека само сака да ги добие неговите пари. Девојката бега од дома со намера во Њујорк да се сретне со мажот, а во автобусот се запознава со бунтовен новинар (го игра Гејбл) кој неодамна останал без работа. Бидејќи автобусот се расипува, тие почнуваат да стопираат и во меѓувреме меѓу нив се раѓа љубов...

Наводи

уреди


|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>