Црква Свети Седмочисленици (Софија)

Свети Седмочисленици е црква која се наоѓа во Софија, Бугарија. Старото име на објектот бил Кара Дервиш Мехмед-пашина џамија.

Црква Свети Седмочисленици
Основни податоци
МестоСофија, Бугарија
Припадностхристијанство, Ислам
Осветен1528
Архитектонски опис
Архитект(и)Синан
Архитектонски типџамија подоцна црква
Завршен1903
Особености
Материјалигранит

Историја

уреди

Објектот бил изграден во 1528 година како џамија во времето на Сулејман Величествениот, а како архитект се смета дека бил Синан. Главен материјал кој бил употребуван при изградбата на џамијата бил црн гранит, па од овде, оваа џамија е позната и како Црна џамија и оваа градба била под директна контрола на Мехмед-паша Соколовиќ. Кога султанот поминувал низ Софија со војници на пат за Виена, се упатил кај својот везир и при оваа посета забележал дека градот иако е седиште на румелискиот бејлербег, нема доволно ориентален вид бидејќи во него нема ниту една голема и убава џамија.

Во текот на XVIII век дел од џамијата бил разрушен од земјотрес, а по 1878 година претворена во магазин и затвор. Во периодот помеѓу 1901 и 1903 година, џамијата била претворена во црква, каде самото минаре и мадреса биле срушени.

Црквата била осветена на 27 јули 1903 година. Проектот за претворање на зградата е дело на архитектите Јордан Миланов и Петко Момчилов. Иконостасот во црквата е дело на дебарски мајстори од родот на Филипови[1].

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди