Седир
Седир (турски: Sedir) — мал остров во Гековскиот Залив во Егејското Море на југозапад на Турција. Влегува во состав на реонот Ула во провинцијата Мугла. Неофицијално се нарекува „Клеопатрин Остров“.
Sedir | |
---|---|
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 411: Malformed coordinates value | |
Географија | |
Место | Егејско Море |
Координати | 36°59′N 28°12′E / 36.983° СГШ; 28.200° ИГД |
Држава | |
Ил (провинција) | Мугла |
Островот е познат по своите плажи со редок златест песок. Според легендите кои ги раскажуваат локалните водичи, овој уникатен песок бил донесен со галии од Египет специјално за кралицата Клеопатра. Таа на островот се сретнала со својот љубен Марко Антониј. Секое зрно песок од плажата е речиси совршена сфера. Плажата е под заштита на Министерството за култура на Турција како национално богатство, така што е забрането влегување со обувки, поставување крпи и пушење. За песокот да остане на плажата во близина на влезот поставени се тушеви со свежа вода. Влезот на плажата се плаќа.
Покрај плажата, на островот се наоѓаат и урнатините на античкиот град Кедраи. Од древните градби сочувани се храмот на Аполон, амфитеатарот и остатоци од некрополата. Името „Кедраи“ во превод од грчки значи „кедар“, иако не е познато дали таков вид дрво има на островот. Градот е опкружен со ѕид. Храмот на Аполон е изграден во дорски стил. Добро сочуваниот амфитеатар се наоѓа во северниот дел на античкиот град и е ориентиран на север. За време на Пелопонеската војна, градот Кедраи кој бил на страната на Атина, бил заземен од спартанскиот командант Лисандр, а неговите жители биле поробени. Овие настани подробно ги опишал историчарот Ксенофонт, истакнувајќи дека жителите на Кедраи биле полуварвари[1].
Галерија
уреди-
Песокот на плажата Клеопатра
-
Поглед на заливот од островот
-
Плажа Клеопатра
Наводи
уреди- ↑ Tourism Directorate of Muğla Governorship. „General information on Sedir Island, Muğla“. Архивирано од изворникот на 2006-04-25.
Надворешни врски
уреди- Forbes.com. „Cleopatra's Beach in Sedir Island, Turkey“. Архивирано од изворникот 2012-07-30. Посетено на 1. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - Marmaristown.com. „About Cleopatra Island“. Архивирано од изворникот на 2013-01-28.