Св. Никола (Октиси)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Св. Никола

Изложени мозаици на базиликата во Народниот музеј во Струга.

Карта

Местоположба 41°14′08″N 20°36′03″E / 41.23556° СГШ; 20.60083° ИГД / 41.23556; 20.60083
Основни податоци
Место Октиси
Општина Струга
Тип

 базилика


Период старохристијанско време
Портал „Археологија“

Св. Николаархеолошко наоѓалиште во струшкото село Октиси. Претставува старохристијанска базилика од почетокот на V век.

Врз темелите на оваа старохристијанска базилика денес стои главната селска црква „Св. Никола“, која се наоѓа на северната страна од селото, изградена во 1925/27 година.[1]

Заштитни, а потоа и систематски археолошки ископувања се вршени од 1954 година од страна на Археолошкиот музеј на Македонија, под раководство на Димче Коцо и други истражувачи, сè до 1994 година. Базиликата има трикорабен наос со димензии од 27,2 × 24,1 м, нартекс, егзонартекс, бочни анекси и крстилница. Изградена е во една фаза, а подовите во централниот кораб, нартексот, крстилницата и северниот анекс се покриени со разнобојни мозаици, украсени со геометриски и цветни елементи и слабо зачувани животински претстави.[1]

Наодите се чуваат во Народниот музеј во Струга.

Во 2013 г. е решено да се обноват разните мозаици на базиликата, со можност и да се изложат во наменски објект до црквата.[2]

Слики

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 397. ISBN 9989-649-28-6.
  2. „Ќе се обновуваат мозаиците во црквата во Октиси“. Република. 21 март 2013. Архивирано од изворникот на 2023-01-23.

Надворешни врски

уреди