Црква „Св. Никола“ - Октиси

црква во селото Октиси

Свети Никола — главна селска црква во селото Октиси.[1]

Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Вевчанска
Местоположба

Карта

Координати 41°14′8″N 20°36′3″E / 41.23556° СГШ; 20.60083° ИГД / 41.23556; 20.60083
Место Октиси
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1925
Архитектонски опис

Историја

уреди

Црквата била изградена во 1925 година на претходни темели.[2] Тие темели биле од многу стара црква — старохристијанска базилика во селото украсена со мозаици, изградена на почетокот на V век.[3]

На ѕидовите на храмот биле испишани навредливи и погрдни пораки во текот на јануари 2012 година. Пораките осамнале по повеќедневните етнички тензии во Струга и протестите на албанското население, што се јавиле како реакција на исмејувањето на исламот и Куранот на карневалот во Вевчани.[4]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 184.
  3. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 397. ISBN 9989-649-28-6.
  4. "Умрете каури"-порака на црква во Октиси“. 29 јануари 2012. Посетено на 21 ноември 2018.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди