Св. Крстовден (Курбиново)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Св. Крстовден

Карта

Местоположба 40°59′07″N 21°04′06″E / 40.98528° СГШ; 21.06833° ИГД / 40.98528; 21.06833
Основни податоци
Место Курбиново
Општина Ресен
Тип

 базилика


Период старохристијанско време
Портал „Археологија“

Св. Крстовденархеолошко наоѓалиште во преспанското село Курбиново. Претставува базилика од старохристијанско време. Се наоѓа во селската црква , каде во неа се вградени повеќе сполии (импост-капители со претстава на два гулаба и крст). Архитектонска пластика се среќава и на повеќе места во селото и околу селото. Освен тоа, на овој простор се откриени и остатоци од мозаични подови кои укажуваат на постоење на остатоци од базилика. Сондажни археолошки истражувања се извршени во текот на 1970-72 година од страна на Археолошкиот музеј на Македонија.[1][2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  2. Курбиново Преспа, црква Св. Крстовден, архитектонска пластика”. Лихнид 5, 57-63; 15 Битракова Грозданова В