Курбиново (археолошко наоѓалиште)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Курбиново

Карта

Местоположба 40°59′07″N 21°04′06″E / 40.98528° СГШ; 21.06833° ИГД / 40.98528; 21.06833
Основни податоци
Место Курбиново
Општина Ресен
Тип

 населба


Период римско време
доцноантичко време
Портал „Археологија“

Курбиновоархеолошко наоѓалиште во преспанското село Курбиново. Претставува населба од римско и доцноантичко време. Се наоѓа во селото и во неговата непосредна околина, каде се откриени повеќе објекти градени од камен и варов малтер, имбрекси, тегули. При изградбата на плевна на местен селанец, била пронајдена мермерна глава која сега се чува во Народниот музеј во Белград. На повеќе места се откриени питоси, монети и друг археолошки материјал. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Ресен.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069