Св. Атанас (Варош)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Св. Атанас

Карта

Местоположба 41°21′25″N 21°31′57″E / 41.35694° СГШ; 21.53250° ИГД / 41.35694; 21.53250
Основни податоци
Место Варош
Општина Прилеп
Тип

 осамен наод  населба  некропола

Период римско време
среден век
Портал „Археологија“

Св. Атанасархеолошко наоѓалиште во прилепското село Варош. Претставува осамен наод од римското време и средновековна населба и некропола.

Во темелите на црквата се вградени поголем број антички сполии од мермер, и тоа делови од архитравни греди, столбови и др. Со археолошките ископувања околу црквата се откриени повеќе слоја на живеење од населба, од XII до XIV век. Во долниот слој има траги од дрвени куќи, четвртести во основата. Над него, во средниот слој се наоѓаат остатоци од куќи ѕидани од кршен камен и кал, јами за чување на жито, работилници за топење на железна руда, како и работилници за изработка на предмети од железо и керамика. Овде се најдени предмети за секојдневна потреба (орудија, оружје, монети и др). Во последниот слој има гробови од крајот на средновековието и турскиот период.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 288, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069