Светско првенство во водени спортови 2017

XVII Светско првенство во водени спортови (унгарски: 2017-es úszó-világbajnokság) беше одржано во Будимпешта, Унгарија од 14 до 30 јули 2017 година.[1][2] Во склоп на првенството се наоѓале шест поединечни спортови, и тоа: пливање, ватерполо, скокови во вода, високи скокови во вода, далечинско и синхронизирано пливање.

XVII Светско првенство на ФИНА
Домаќин:Будимпешта, Унгарија
Дата:14 – 30 јули
Стадион(и):Дунав арена
Езеро Балатон
Национална пливачка
арена Алфред Хајош
Држави:182

Избор на домаќинУреди

На 15 јули 2011 година, на генералниот конгрес на ФИНА одржан во Шангај, град домаќин за Светското првенство во водени спортови 2017 бил избран Гвадалахара (Мексико). На истото гласање за град домаќин на Светското првенство во водени спортови 2015 бил избран Казањ (Русија), додека кандидатурата на Хонгконг (Кина) била одбиена. Градовите Гуангжу (Кина) и Монтреал (Канада) ги повлекле своите кандидатури набрзо пред почетокот на гласањето.

Во февруари 2015 година Мексико се откажал од организирање на Светското првенство поради финансиски причини.[3] На 11 март 2015 година, било објавено дека Будимпешта ќе биде град домаќин на првенството.[4] Градот првично планирал да се кандидира за Светското првенство 2021.[5].

Спортски објектиУреди

Двата главни спортски објекти на кои биле одржани натпреварите биле сместени во Будимпешта: Дунав арената, ново изграден пливачки комплекс за пливање и скокови во вода на источниот брег на реката Дунав, северно од островот Маргит, и постоечката Национална пливачка арена Алфред Хајош, која се наоѓа на островот Маргит, за ватерполо. Трките во далечинско пливање биле одржани на Езерото Балатон.[6] Натпреварите во високи скокови во вода и синхронизирано пливање биле одржани во привремени објекти во Будимпешта.

РаспоредУреди

Биле доделени медали во вкупно 75 натпревари во шест поединечни спортови.

Свечено отварање Други натпреварувања Финални натпревари Свечено затворање М Мажи Ж Жени
Јули 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 Вкупно
Церемонии 75
Пливање 4 4 5 5 5 5 6 8 42
Далечинско пливање 1 1 1 1 1 2 7
Синхронизирано пливање 1 1 1 1 1 1 1 2 9
Скокови во вода 3 2 2 1 1 1 1 2 13
Високи скокови во вода 1 1 2
Ватерполо Ж М Ж М Ж М Ж М Ж М Ж М Ж М 2

Табела на медалиУреди

  *   Земја домаќин

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   САД 21 12 13 46
2   Кина 12 12 6 30
3   Русија 11 6 8 25
4   Франција 6 1 2 9
5   Обединето Кралство 5 3 3 11
6   Италија 4 3 9 16
7   Австралија 3 5 4 12
8   Шведска 3 1 0 4
9   Унгарија 2 5 2 9
10   Бразил 2 4 2 8
11   Шпанија 1 5 0 6
12   Холандија 1 4 1 6
13   Канада 1 1 5 7
14   Малезија 1 0 1 2
  ЈАР 1 0 1 2
16   Хрватска 1 0 0 1
17   Јапонија 0 4 5 9
18   Украина 0 2 7 9
19   Германија 0 2 1 3
20   Мексико 0 2 0 2
21   Северна Кореја 0 1 1 2
22   Чешка 0 1 0 1
  Еквадор 0 1 0 1
  Полска 0 1 0 1
25   Белорусија 0 0 2 2
26   Данска 0 0 1 1
  Египет 0 0 1 1
  Србија 0 0 1 1
  Сингапур 0 0 1 1
Вкупно 75 76 77 228

НаводиУреди

  1. FINA Announces Dates for 2017 World Championships; Masters Worlds to Follow published by SwimSwam on 17 June 2014.
  2. [1] Archived 20 јули 2011 at the Wayback Machine (Kazan (RUS) and Guadalajara (MEX), next organisers ); posted by the Federation Internationale de Natation (FINA) on 15 July 2011; retrieved 2011-08-01.
  3. «México renuncia al Mundial de Natación 2017 por falta de dinero». El Mundo, 18 February 2015.
  4. Budapest (HUN) to host FINA World Championships in 2017 Archived 27 август 2015 at the Wayback Machine
  5. «Gwangju, Budapest win right to host worlds» Reuters, 31 July 2017
  6. Budapest's New Pool To Host FINA Words in 2017 posted by swimvortex.com; retrieved 23 July 2013.

Надворешни врскиУреди