Светлана Алексиевич

белоруска писателка и нобеловка

Светлана Александровна Алексиевич (белоруски: Святлана Аляксандраўна Алексіевіч; руски: Светлана Александровна Алексие́вич; украински: Світлана Олександрівна Алексієвич; р. 31 мај 1948) — белоруска новинарка и писателка која твори на руски јазик. Во 2014 година била номинирана[1], а во 2015 година добитник е на Нобеловата награда за литература.[2]

Светлана Алексиевич
Святлана Аляксандраўна Алексіевіч
Swetlana Alexijewitsch 2013 cropped.jpg
Светлана Алексиевич во дискусија во Црвениот салон, Берлин (2011)
Роден/а31 мај 1948(1948-05-31)
Станислав, Советски Сојуз
Занимањеновинар
писател
Јазикруски
НационалностБелорусинка
Значајни наградиНобелова награда за литература (2015)
Награда на мирот од германските книжари (2013)
Награда Медичи (2013)

ЖивотописУреди

Родена е во Украина во градот Станислав (од 1962 година Ивано-Франковск) од татко Белорусин и мајка Украинка. По завршување на училиштето, таа работела како репортер во повеќе локални весници и потоа како кореспондент на литературниот магазин Неман во Минск.[3] Таа прави новинарска кариера и пишува проза од интервјуата со сведоците на најдраматичните настани во земјата, како Втората светска војна, Советско-авганистанската војна, Падот на Советскиот Сојуз и катастрофата во Чернобил. По прогонот од страна на режимот на Лукашенко[4], таа ја напушта Белорусија во 2000 година. Бегалската мрежа на меѓународни градови ѝ понудила прибежиште и во текот на следната декада таа последователно живее во Париз, Гетеборг и Берлин. Во 2011 година, Алексиевич се враќа во Минск.[5][6]

Литературно делоУреди

Книгите на Светлана Алексиевич се опишувани како хроника на емоционалната историја на советскиот и постсоветскиот човек. Најпознати нејзини дела се:

  • Војната нема женско лице, Минск, 1985
  • Последните сведоци, Минск, 1985
  • Цинкови момци, 1989
  • Маѓепсани од смртта, 1993
  • Чернобилска молитва, 1997
  • Последните сведоци: сто недетски раскази, 2004
  • Време на „од втора рака“, 2013

НаградиУреди

  • Нобелова награда за литература за 2015 година
  • Награда на мирот од германските книжари за 2013 година
  • Награда Медичи за 2013 година

НаводиУреди

  1. Blissett, Chelly. "Author Svetlana Aleksievich nominated for 2014 Nobel Prize Архивирано на 7 јануари 2015 г.". Yekaterinburg News. January 28, 2014. Retrieved January 28, 2014.
  2. Нова Македонија: Светлана Алексиевич ја доби Нобеловата награда за литература[мртва врска]
  3. Кратка биографија на Светлана Алексиевич (руски) Архивирано на 18 септември 2014 г., од Who is who in Belarus
  4. Биографија на Алексиевич на мрежното место на Ланан фондацијата
  5. „Svetlana Alexievich“. www.pen-deutschland.de. PEN-Zentrum Deutschland. Посетено на 8 October 2015.
  6. „Winners of the Peace Prize“. www.friedenspreis-des-deutschen-buchhandels.de. Friedenspreis des Deutschen Buchhandels. Архивирано од изворникот на 2015-10-13. Посетено на 8 October 2015.

Надворешни врскиУреди