Саронски Залив
Саронски Залив (грчки: Σαρωνικός κόλπος) — залив во Грција помеѓу полуостровите Атика и Арголида, отворен кон Егејското Море. Ја определува источната страна на Коринтската Провлака, која ја пресекува со Коринтскиот Канал. Саронските Острови во островот одиграле клучна улога во историјата на Грција, при што кај најголемиот Саламина се одиграла значајната поморска битка во Грчко-персиските војни. Северниот крај е зафатен од Мегарскиот Залив.
Саронски Залив Σαρωνικός κόλπος | |
---|---|
Местоположба на Саронскиот Залив | |
Подрачје | Атика и Пелопонез |
Координати | 37°47′N 23°23′E / 37.783° СГШ; 23.383° ИГД |
Вид | залив |
Дел од | Егејско Море |
Сливни земји | Грција |
Главниот град Атина лежи близу северниот брег на Саронскиот Залив.
Потекло на името
уредиЗаливот е наречен по митскиот крал Сарон кој се удавил во Псифејското Езеро. Саронскиот Залив бил низа од шест влеза во подземниот свет,[1] секој од нив под стража на подземен непријател во облик на крадец или разбојник.
Историја
уредиВо заливот се одиграла значајната Битката кај Саламина, недалеку на запад од денешен Пиреј. Во оваа поморска битка кај островот Саламина атињаните извојувале победа над персискиот крал Ксеркс, обезбедувајќи го местото на Атина како лулка на старогрчката и европската цивилизација.
Тука се наоѓало древното пристаниште Кенхреи.
Географија
уредиЗаливот ги опфаќа островите Егина, Саламина и Порос, заедно со помалите острови Патроклос и Флевес. Пристанишниот град Пиреј (пристаништето на Атина) е сместено на североисточниот раб на заливот. На североисток се наоѓал и поранешниот меѓународен аеродром „Елиникон“.
По голем дел од брегот се протегаат плажи, и тоа Порос до Епидаур, од Галатаки до Кинета и од Мегара до Елевсина и од Пиреј до Анавис. Градското подрачје на Атина го обиколува северниот и источниот брег.
Помали заливи во Саронскиот залив се Фалерн и Елевсинскиот Залив на север, Кехрискиот Залив на северозапад и Софичкиот Залив на исток.
На југозапад е вулканот Метана, заедно со Кромионија кај Коринтската Превлака, Егина и Порос. Топлата сулфурна вода на ова подрачје избива на површината и е искористена за топли бањи. Последниот забележан избув е на подводен вулкан северно од Метана, кој се случил во XVII век.
Заливот има рафинерии околу неговиот северен дел: источно од Коринт и западно од Агии Теодори, Елевсина, Аспропиргос, Скарамангас и Керацини. Тука се произведува најголемиот дел од нафтените производи во Грција, од кои највеќето се извезуваат. Водите на заливот се доста прометни поради стопанските пловила до рафинериите, Пиреј и каналот.
Во тие предели преовладуваат раседните линии, особено во северозападниот дел.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „The Underworld in Greek Mythology“. Greek Legends and Myths (англиски). Посетено на 2019-06-18.
Надворешни врски
уреди- Саронски Залив на Ризницата ?