Санкт Јакоб во Розентал
Санкт Јакоб во Розентал (германски: Sankt Jakob im Rosental) или Шентјакоб во Рож (словенечки: Šentjakob v Rožu) — град и општина во округот Филах-Околина на сојузната покраина Корушка, Австрија.
Санкт Јакоб во Розентал Sankt Jakob im Rosental Šentjakob v Rožu | ||
---|---|---|
Поглед на црквата „Св. Јаков“ со Караванките во позадината | ||
Земја | Австрија | |
Покраина | Корушка | |
Округ | Филах-Околина | |
Управа | ||
• Градоначалник | Јохан Обличниг | |
Површина | ||
• Вкупна | 78,77 км2 (3,041 ми2) | |
Надм. вис. | 480 м | |
Население (1 јануари 2014)[1] | ||
• Вкупно | 4.465 | |
• Густина | 0,57/км2 (1,5/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Пошт. бр. | 9184 | |
Повик. бр. | 04253 | |
Мреж. место | st-jakob-rosental.gv.at |
Географија
уредиОпштината се граничи со Словенија на југ, и реката Драва на север. Сместена е во западниот дел на долината Розен (Рож).
Населени места
уредиОпштината Санкт Јакоб во Розентал ги опфаќа 22 села. Тука се наведени нивните германски и словенечки имиња, како и бројот на жители (1 јануари 2018[2]):
- Винкл (Кот) (198)
- Горинчах (Горинчиче) (124)
- Гројт (Руте) (83)
- Драгозичах (Драгожице) (56)
- Драјлах (Дравље) (54)
- Канин (Ходнина) (69)
- Ленгдорф (Велика Вас) (190)
- Лесах (Леше) (83)
- Марија Еленд (Подгорје) (529)
- Милбах (Река) (230)
- Розенбах (Подрожца) (331)
- Санкт Јакоб во Розентал (Шентјакоб) (651)
- Санкт Озвалт (Шентожболт) (149)
- Санкт Петер (Шентпетер) (103)
- Срајах (Среје) (135)
- Талах (Тале) (328)
- Тешинг (Тешиња) (70)
- Фајстриц (Бистрица) (269)
- Фрајсниц (Брезница) (160)
- Фрезнах (Брежње) (16)
- Чемерницен (Чемерница) (20)
- Шлатен (Сватне) (397)
Словенечко население
уредиСпоред пописот од 2001 г. Словенците сочинуваат 16,4 % од населението.
Историја
уредиВо 1920 г. Санкт Јакоб бил една од 17-те корушки општини каде мнозинство од населението (54 %) гласало за влегување во Југославија. Општината сепак останала во Австрија бидејќи 59 % од гласачите во пошироката единица биле против припојувањето.
Познати личности
уреди- Матија Ахацел (1779-1845) — словенечки јазичар и фолклорист, роден во с. Горенче (Горенчах)
- Антон Јанежич (1828-1869) — словенечки јазичар и книжевен критичар, роден во с. Леше (Лесах)
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Санкт Јакоб во Розентал на Ризницата ?
- Портал на Санкт Јакоб во Розентал (германски)
- Податоци за Санкт Јакоб во Розентал — Статистика Австрија (германски)