Санде Алексоски
Санде Љубев Алескоски ( 1924 во Орланци (Кичевско) — 1945 во близина на Врање, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Санде Алексоски | ||
Роден | 1924 година Орланци (Кичевско), Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 1945 година Теренот помеѓу Куманово и Врање | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиТој немал можност да се школува, па затоа останал во своето село и се занимавал со земјоделие. Определен за борба против фашистичкиот окупатор, во есента 1944 година се приклучил во единиците на Четириесет и осмата дивизија. Починал на пат за Срем во зимата 1945 година, на теренот помеѓу Куманово и Врање.[1]