Роберт Патинсон

Роберт Томас Петинсон (англиски: Robert Thomas Pattinson) (роден 13 мај 1986)[3] е англиски актер, модел и музичар.[4] Најпознат е по улогата на Едвард Кален во филмската адаптација на Самрак, заснован на романот на Стефани Мајер, а и по улогата на Седрик Дигори во Хари Потер и Пламениот пехар.[5][6][7]

Роберт Петинсон
Rpattz.JPG
Перинсон на премиерата на Самрак во Лос Анџелес
Роден(а)Роберт Томас Петинсон
Други имињаRPattz,[1] Spunk Ransom[2] (прекари)
ЗанимањеГлумец, модел, музичар
Активен2004 – сè уште

Ран животУреди

Петинсон е роден во Лондон, Англија. Неговата мајка, Клер, работела во модна агенција, додека пак неговиот татко, Ричард, увезувал старомодни автомобили од САД.[8] До својата тринаесетта година учел во музичкото училиште Tower House во Лондон, а потоа своето образование го продолжил во елитното приватно училиште Harrodiаn School.[9] Се приклучил во аматерски театар преку Barnes Theatre Company. Откако се здобил со некое искуство, започнал со глумечки улоги. Го привлекол вниманието на глумечки агент за време на продукцијата на Tess of the D'Urbervilles и започнал со барање на професионални улоги. Оттогаш има изведувано во аматерска верзија на Магбет, а и се обидел и со манекенство. Петинсон има две постари сестри.[10]

КариераУреди

МанекенствоУреди

Со манекенството Петинсон почнал да се занимана на дванаесет годишна возраст, но се престанал четири години подоцна, за што тој вели дека виновен за неговиот неуспех како модел бил неговиот недоволно маженствен изглед.

Петинсон објаснува во декември 2008, „Кога првпат започнав, бев доста висок и изгледав како девојче, поради што се здобив со доста работи, бидејќи тогаш беше период кога во мода беа андрогините личности. Потоа, претпоставувам, станав премногу машки, поради што престанав да се здобивам со работи. Ја имав најнеуспешната манекенска кариера.“[11]

Петинсон се појави во рекламна кампања за есенската колекција за 2007 на Hackett.[12]

ГлумаУреди

МузикаУреди

Роберт свири на гитара и пијано и компонира своја музика. Негови две песни „Never Thing“ и „Let Me Sing“ во кои исто така пее можат да се чујат во филмот Самрак.

НаводиУреди

  1. Rpattz definition“. Definition - of. Посетено на 3 август 2009.
  2. „Spunk Ransom is catching on“. MTV.com. Посетено на 3 септември 2009.
  3. „Robert Pattinson“. People.com. Посетено на 2009-04-03.
  4. Gina McIntyre (2008-10-09). „Robert Pattinson on his 'Twilight' songs: 'Music is my backup plan if acting fails'. Los Angeles Times]]. Посетено на 2009-02-01. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  5. Sona Charaipotra (2008-11-14). „A Night Out With - Robert Pattinson“. New York Times]]. Text " accessdate-2009-02-11 " ignored (help); Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  6. Rebecca Murray (2008-07-31). „Robert Pattinson Discusses 'Twilight'. About.com. Посетено на 2009-02-11.
  7. Hillary Atkin (2008-11-16). „Exclusive Interview: Robert Pattinson“. Fandango. Посетено на 2009-02-11.
  8. Robert Pattinson
  9. Flora Stubbs (2005-11-17). „Potter star 'next Jude Law'. Evening Standard. Посетено на 2008-10-02.
  10. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име telegraph.
  11. New York Magazine
  12. „Robert Pattinson-Hackett Campaign“. Nachophoto.com. Посетено на 2009-08-16.