Замрачување (роман)

Замрачување (англиски: Eclipse) е третата книга од серијалот „Самрак“ на Стефани Мајер. Во оваа книга продолжува приказната за 18 годишната Бела Свон и нејзината љубов, вампирот Едвард Кален. Замрачување е продолжение на Млада месечина а е проследена од Зазорување. Книгата е издадена на 7 август 2007 со почетен тираж од 1 милион копии,[1] од кои во првите 24 часа се продадени повеќе од 150 000.[2]

Замрачување
Eclipse
Оригиналната корица на книгата
АвторСтефани Мајер
ЗемјаСАД
ЈазикАнглиски
СеријалСамрак серијал
ЖанрМладинско - возрасна, фантазија, романса
ИздавачLittle, Brown
Издадена
7 август 2007
ПретходнаМлада месечина 
СледнаЗазорување 

Заплет на романот уреди

Приказната започнува со откривањето дека, Сиетл е погоден од многу мистериозни и нерешливи убиства, за кои Едвард се сомнева дека се предизвикани од новородени вампири кои не се способни да ја контролираат својата жед. Додека Едвард и Бела ги пополнуваат апликациите за колеџ, Бела му ја кажува на Едвард нејзината желба да го види својот пријател врколак Џејкоб Блек. Иако Едвард се плаши за нејзината безбедност Бела инсистира дека ниту Џејкоб ниту останатите врколаци ќе и наштетат. Во меѓувреме Алис Кален добива визија дека Викторија, вампирот кој ја прогонува Бела за да се одмазди, се вратила во Форкс. По неколку дена, Едвард ќе ја побара за жена Бела, и покрај тоа што таа има одбивност од брак, Бела се согласува.

Бела и Каленови откриваат дека убиствата во Сиетл се извршени од армија на новородени вампири предводени од Викторија. Тие се здружуваат со пакот на врколаци за да се одбранат од оваа закана. Додека сите се подготвуваат за борба Едвард, Бела и Џејкоб кампуваат на планина и остануваат скриени во шумата за време на битката, а подоцна им се придружува Сет Клиарвотер, млад член на пакот на врколаци.

Утрото, Џејкоб го наслушнува разговорот помеѓу Едвард и Бела за нивното свршување, и се решава дека ќе оди во Битката за да умре. Бела за да го спречи во намерата го бакнува Џејкоб и сфаќа дека и кон Џејкоб има чувства. За време на битката, Викторија го намирисува Едвард по што тргнува по него во шумата каде што се скриени и Едвард е присилен да се бори. Откако Викторија и нејзината армија се успешно победени и уништени, Бела му објаснува на Џејкоб дека иако го сака и него, нејзината љубов кон Едвард е многу поголема. Кога Џејкоб добива покана за свадба од Едвард, бега во својата форма на врколак за да ја избегне болката и бесот од одлуката на Бела да стане вампир.

Корица уреди

Корицата на книгата прикажува растргната црвена лента. Иако требала да биде покажана на јавноста во мај 2007 година, на забавата за Замрачување, Стефани Мајер ја објавила корицата на својата официјално мрежно место во март 2007 заедно со кратката содржина на книгата.[3] Растргнатата лента претставува избор, односно изборот на Бела помеѓу нејзината љубов кон вампирот Едвард Кален и нејзиното пријателство/љубов кон врколакот Џејкоб Блек. Мајер исто така изјавила дека лентата претставува и неподготвеноста на Бела засекогаш да го напушти нејзиниот човечки живот.[4]

Предвремено издание уреди

На 25 јули, инцидент сличен на предвременото издание на седмата книга од Хари Потер, се случи со Замрачување. Ланецот книжарници Барнс & Ноубл случајно испратиле предвремени копии на Замрачување на некои од клиентите кои ја нарачале книгата пред да биде издадена. Тие изјавиле дека тоа било компјутерска грешка, бидејќи нивната on-line продавница е компјутеризирана.

За да спречат сите изненадувања од книгата да се појават на интернет, многу форуми на обожавателите на Самрак серијалот биле затворени, како што е Twilight Lexicon. Стефани Мајер исто така го затворила својот MySpace профил, за да спречи какви било коментари во врска со новата книга. Во отворено писмо кон обожавателите, Стефани Мајер ги замолила читателите кои веќе го дознале крајот на книгата да не го експонираат во јавност за да можат останатите обожаватели на Самрак серијалот да ја прочитаат Замрачување и да уживаат комплетно во книгата.

Предвремено издавање исто така се случи откако Сефани Мајер го издаде специјалното издание на Замрачување, кое ја вклучуваше првата глава и корицата на продолжението на Самрак серијалот - Зазорување. Специјалното издание било на полиците на книжарите на 31 мај 2008 но поголем број на копии биле издадени една недела претходно.

Критика уреди

Уште со првото издание на Замрачување, книгата главно имаше позитивни критики. Ани Ројер од School Library Journal напиша: "Мајер знае што сакаат нејзините обожаватели, возбуда, морници и многу романса, и таа тоа им го овозможува во секоја смисла на зборот."[5] Селби Гибсон Бојс од Tulsa World напиша: “ Читав без да запрам сè додека не ја завршив книгата. Книгите на Мајер не сакаа да се одлепат од моите раце. Сосема истото се случи и со Самрак и со Млада Месечина.”[6]

Меѓутоа, Келан Рајс од Blast Magazine ја критикуваше книгата кажувајќи: “Не само што Мајер на своите два главни лика им доделила очигледно нездрава дури и насилна врска, но исто така дури и ја идеализира и романтизира, покрај Бела и Едвард, и врската помеѓу Бела и Џејкоб исто така.“[7]

Филмска адаптација уреди

Филмот за Замрачување е закажан за прикажување на 30 јуни 2010 година.[8] Тоа ќе биде третиот дел од филмскиот серијал Самрак, следејќи го Самрак од 2008 и Млада Месечина од 2009. Бидејќи режисерот на Млада Месечина, Крис Веитц ќе ја прави постпродукцијата на овој филм, тој нема да учествува во снимањето на третиот дел. Затоа Замрачување ќе биде снимен од Дејвид Слејд, а Мелиса Розенберг се враќа како сценарист.[9] Снимањето на филмот се очекува да започне во август 2009.[10]

Наводи уреди

  1. Bob Minzesheimer (2007-08-15). „Vampire tale takes bite out of 'Potter'. USA Today. Посетено на 2008-11-07.
  2. Jeffrey A. Trachtenberg (2007-08-10). „Booksellers Find Life After Harry In a Vampire Novel“. The Wall Street Journal. Посетено на 2008-11-07.
  3. StephenieMeyer.com | Twilight Series | Eclipse
  4. http://stepheniesays.livejournal.com/20266.html Stephenie Says - Q+A at Fairless Hills
  5. Anne Rouyer (2007-09-05). Eclipse. School Library Journal. Посетено на 2008-11-16.
  6. Shelby Gibson-Boyce (2007-08-10). „Free radical: J.K. who? Hottest new series is vamp fantasy“. Tulsa World. Архивирано од изворникот 2012-12-09. Посетено на 2008-11-16.
  7. Kellan Rice (2008-08-16). 'Twilight' Sucks... And Not In A Good Way“. Blast Magazine. Архивирано од изворникот на 2012-03-26. Посетено на 2008-11-16.
  8. Joshua Rich (2009-02-20). 'Twilight': Third film in series, 'Eclipse,' set for June 2010“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот на 2009-02-23. Посетено на 2009-02-20.
  9. Summit Entertainment (22 април 2009). "David Slade to Direct Summit Entertainment's The Twilight Saga: Eclipse". Соопштение за печат.  посет. 22 април 2009 г
  10. Eric Ditzian (2009-04-27). 'Twilight' Star Robert Pattinson Lands Lead Role In 'Remember Me'. MTV. Посетено на 2009-04-27.

Надворешни врски уреди