Салма Хадра Џајуси (арапски: سلمى الخضراء الجيوسي; 1927[1] или 1928[2] - 20 април 2023) — палестинска поетеса, писателка и преведувачка. Таа е основач и директор на проектот „Превод од арапски јазик“ (PROTA), чија главна цел е превод на арапската литература на англиски јазик.

Салма Џајуси

Животопис

уреди

Rодена во Сафед, Палестина.[3] Татко ѝ бил Палестинец со арапска националност, а мајка ѝ Либанка. Основно училиште посетувала во Ерусалим, а учела арапска и англиска книжевност н Американскиот универзитет во Бејрут. Се омажила со јордански дипломат, со кого има три деца.[4]

Во 1960 година, ја објавила својата прва стихозбирка. Во 1970 година, докторирала на Универзитетот во Лондон. Предавала на Универзитетот во Картум, во Судан, како и на универзитетите во Алжир и во Константин. Во 1973 година, била поканета да одржи предавања низ Канада и САД. Во 1975 година, Универзитетот во Јута ја поканил да предава арапска книжевност, и оттогаш, таа предава на разни универзитети низ САД.[4]

Во 1980 година, Џајуси го основала проектот „Превод од арапски јазик“ со цел да овозможи пошироко запознавање со арапската литература.

Починала на возраст од 96 години во Јордан.[5]

Творештво

уреди
  • Modern Arabic poetry: an anthology, 1987
  • The Literature of modern Arabia: an anthology, Columbia University Press, 1988
  • Anthology of Modern Palestinian Literature, Columbia University Press, 1992
  • The Legacy of Muslim Spain, 2 vols, 1992
  • Modern Arabic drama: an anthology, 1995
  • The Secret life of Saeed: the Pessoptimist от Имил Хабиби, 2002. (превод заедно с Тревър Легусик)
  • Short Arabic plays: an anthology, 2003.
  • Modern Arabic fiction: an anthology, 2004.
  • Beyond the dunes: an anthology of modern Saudi literature, 2005
  • Human rights in Arab thought: a reader, 2009
  • Classical Arabic stories: an anthology, 2010.

Наводи

уреди
  1. Dona S. Straley (2004). The Undergraduate's Companion to Arab Writers and Their Web Sites. Libraries Unlimited. стр. 101. ISBN 978-1-59158-118-5. Посетено на 11 September 2012.
  2. Personalities: Who's Who, Arab Thought Forum. Accessed 11 September 2012.
  3. Mishael Caspi, Jerome David Weltsch,From Slumber to Awakening: Culture and Identity of Arab Israeli Literati, University Press of America 1998 p.42.
  4. 4,0 4,1 Personality of the Month: Salma Khadra Jayyusi, This Week in Palestine, Issue No. 114, October 2007.
  5. „Renowned Palestinian poet, writer and anthologist Salma Khadra Jayyusi passes away at 95“. gulfnews.com. Посетено на 21 април 2023.