Одрински договор (1829)
мировен договор од 1829 година
За други договори, видете Одрински договор (појаснување).
Одрински договор — мировен договор склучен по крајот на Руско-турската војна (1828-1829) помеѓу Русија од страна на Алексеј Орлов и Отоманското Царство од Абдул Кадир Бег на 14 септември 1829 година[2].
Територијални промени според договорот[1] | |
Потпишан | 14 септември 1829 |
---|---|
Место | Одрин, Османлиско Царство |
Потписници | Османлиско Царство Руска Империја |
Според договорот:
- Грција добила независност, но била задолжена да плаќа данок на султанот (во 1830 година била ослободена од данок и прогласила независност)
- биле потврдени руските граници по текот на Дунав и Кавказ
- Србија, Влашка и Молдавија добиле автономија
- бил даден рок на 18 месеци според кој христијаните во Османлиската импетија имале право да ги продадат своите имоти и да се преселат во Русија.
Наводи
уреди- ↑ H.E.Stier (dir.): Grosser Atlas zur Weltgeschichte, Westermann 1984, p.134, ISBN 3141009198.
- ↑ John Emerich Edward Dalberg Acton (1907). The Cambridge Modern History. Macmillan & Co. стр. 202.