Руско-турска војна (1828-1829)

Руско-турската војна (1828-1829) претставува дел од Грчката војна за независност. Војната од страна на Османлиското Царство била објавена во декември 1827 година, прогласувајќи света војна против Руската Империја. Војната се водела на два фронта, на Балканот и Кавказ.

Руско-турска војна
Дел од Руско-турски војни
Датум 1828–1829
Место Балкан и Кавказ
Исход руска победа
Територијални
промени
Договор од Едрене
Завојувани страни
Руско Царство Руска Империја
Француско кралство Франција
Обединето Кралство Обединето Кралство
Османлиско Царство Отоманско Царство

Балкански фронт

уреди
 
Преминувањето на руската војска низ Балкан планина

Воените дејства започнале во 1828 година кога руската армија со околу 100.000 војници ја преминала Добруџа и ги опседнала градовите Шумен, Варна и Силистра. Кон крајот на септември, Русите ја зазеле Варна. Во 1829 година била заземена Силистра, по кое Русите ја преминале Стара Планина и ја окупирале Тракија. На 20 август 1829 година руските војници влегле во Едрене.

Одрински договор

уреди

Војната завршила со потпишување на договор во Едрене според кој:

  • Грција добила независност, но била задолжена да плаќа данок на султанот (во 1830 година била ослободена од данок и прогласила независност)
  • биле потврдени руските граници по текот на Дунав и Кавказ
  • Србија, Влашка и Молдавија добиле автономија
  • бил даден рок на 18 месеци според кој христијаните во Османлиската импетија имале право да ги продадат своите имоти и да се преселат во Русија.