Федерална вселенска агенција (Русија)
Федералната вселенска агенција на Русија или РОСКОСМОС (руски: Федеральное космическое агентство России), порано Руска авијација и вселенска агенција (Российское авиационно-космическое агентство, попозната како „Росавиакосмос“), е руска владина агенција одговорна за вселенската програма и генералните вселенски истражувања на Русија. Штабот е сместен во Москва, главната контрола на мисиите, летачките операции и оперативниот центар („Центр Управления Полетом“, „ЦУП“) се сместени во градот познат како Корољов, додека Центарот за подготовка на космонаути „Јуриј Гагарин“ е во Ѕвезденото Гратче. Лансирањата се изведуваат од космодромите Бајконур во Казахстан (според лансирањата е на трето место, додека првите две се тајни и непознати) и Плесецк во северна Русија.
![]() | |
Основана | 1992 (претходно Советска вселенска програма, 1922-1991) |
---|---|
Главен штаб | Москва |
Вселенска станица | Бајконур, Плесецк |
Управник | Владимир Поповкин |
Буџет | 169,8 милијарди рубљи (5,6 милијарди. долари) (2013)[1] |
Од 29 април 2004 г. генерален директор на агенцијата е Владимир Поповкин.
План за 2006-2015 г.Уреди
- Електро-Л (метеролошки сателит)
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ Бюджет на 2013 год предполагает рекордное финансирование космонавтики. Spacecorp.ru. Посетено на 2013-08-02.
Надворешни врскиУреди
- Службено мреж. место (руски) (англиски)
- 2006-2015 Научно-истражниот програм на Роскосмос (руски)
- Руска вселенска програма (англиски)