55°52′50″N 38°06′38″E / 55.880585° СГШ; 38.110542° ИГД / 55.880585; 38.110542

Поглед кон Ѕвездено Гратче

Русија

Location in Russia

Московска област

Location in Moscow obslast

Ѕвездено Гратче (руски: Звёздный городо́к) претставува руски военоистражувачки и обучен центар кој се наоѓа во московската област на околу 32 km североисточно од Москва, Русија. Започнувајќи од почетокот на шеесеттите години од минатиот век космунаутите живеат и се обучуваат во гратлето во Центар за подготовка на космонаути кој го носи името на Јуриј Гагарин.

Во времето на Советскиот Сојуз гратлето претставувало воена инсталација со ограничен пристап за останатиот дел од светот. Голем број руски космунаути, бивши и сегашни, како и персоналот од центарот за подготовка живеат во Ѕвезденото Гратче заедно со своите семејства. И денес ова населено место е опкружен со шума и со ѕид, а пристапот до него е ограничен.

Во Тренинг центарот се наоѓа најголемата центрифуга на светот (изградена во 1980 г.) која може да ротира со брзина од 36 вртежи во минута, како и базен (длабок 12 м и широк 20 м) во кој идните космунаути вежбаат во услови на бестежинска состојба.

Гратлето има свој сопствен поштенски број, средно училиште, продавници, градинки, кина, спортски и рекреативни центри, како и железничка станица и музеј посветен на вселенските истражувања.

Збратимени гредови уреди

Ѕвездениот град е збратимен со градот Насау Беј во Тексас, САД.

Надворешни врски уреди