Нојрупин
Нојрупин (германски: Neuruppin) — град и административно седиште на округот Источен Пригниц-Рупин, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа на брегот на Рупинското Езеро.
Нојрупин | |
Сокак и црквата „Св. Троица“ | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Бранденбург |
Округ | Источен Пригниц-Рупин |
Градоначалник | Јенс-Петер Голде (Pro Ruppin) |
Основни податоци | |
Површина | 303,32 км2 |
Надм. височина | 44 м |
Население | 31.422 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 104 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | OPR |
Пошт. бр. | 16816, 16818, 16827 |
Повик. бр. | 03391, 033925, 033929, 033932, 033933 |
Портал | www.neuruppin.de |
Местоположба на градот Нојрупин во рамките на округот Источен Пригниц-Рупин | |
Координати | 52°55′59″N 12°48′0″E / 52.93306° СГШ; 12.80000° ИГД |
Историја
уредиНојрупин имал углед дека е најмногу пруски од сите градови во Прусија, поради неговиот поранешен статус како пруски гарнизонски град. Романописецот Теодор Фонтане, архитектот Карл Фридрих Шинкел, потполковникот Ото Фридрих Фердинанд фон Гершен, генералот Херман Хот, серискиот убиец Карл Гросман и глумецот Клаус Шварцкопф се родени во Нојрупин. Фридрих Велики живеел во Нојрупин неколку години како престолонаследник на Прусија. Прускиот генерал и воен стратег Карл Филип Готлиб фон Клаузевиц исто така престојувал во Нојрупин неколку години.
Името Нојрупин означува „Нов Рупин“; првичната населба Рупин (подоцна Алтрупин, „Стар Рупин“) била сместена на североисточниот брег на Рупинско Езеро. Била основана околу 1150. Неколку стотици години подоцна, кога населбата станала премала за растечкото население, бил основан Нојрупин на западниот брег на езерото од војводите Линдов-Рупин. Вихман фон Арнштајн го основал манастирот Нојрупин (1246). Архитектот Јоахим Лудвиг Шултајс фон Унфрит најверојатно потекнува од Алтрупин. Денес е останата само манастирската црква.
Во 1688, Нојрупин станал пруски гарнизонски град. По катастрофалниот пожар во 1787, обновените градби во градот биле изграден во класицизам, што е одлика на градот и денес. Останал седиште на војската до крајот на 20 век, па така советските трупи биле сместени во градот до 1993; во текот на Источна Германија имало подеднакво војници колку жители во самиот град.
Галерија
уреди-
Споменик на Шинкел
-
Скулптура од Матијас Загон Хол-Штајн
-
Дворецот на семејството Генц во Генцроде
-
Рупинското езеро со кулите на манастирската црква
-
„Забине“ во Биненвалде
-
Нојмиле
-
Поранешна фабрика за апарати за гаснење пожар
-
Штолперштајн
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
Надворешни врски
уреди„Нојрупин“ на Ризницата ? |