Руми маки
Руми Маки е воена вештина што ја користеле Инките. Оваа техника настанала како комбинација на воени елементи од Мичесите, Чавините, Тиахуанакосите и останати околни народи. Името на кечуански јазик значи „камена тупаница“
Цивилизација на Инките |
---|
Видови системи
уредиРими маки е поделена на пет системи:
- Лама
- Алпака
- Викуња
- Кондор
- Сонце
Лама Руму Маки
уредиСистемот се состои од гурања, блокови и сите напади се вршат само со рацете. Основа на нападот е тупаницата.
Алпака Руми Маки
уредиОвој систем е составен од одбрана и напад со стапала и колена. Исто така, натколеницата и потколеницата се користат за одбрана, покрај нападот.
Викуња Руми Маки
уредиОвој систем се заснова на грабнување на противникот и борба со раце.
Кондор Руми Маки
уредиОвој систем е фокусиран на скокови и напади со паѓање, како на пример техниката „летечки удари“.
Сонце Руми Маки
уредиПретходните четири системи се независни една од други, што не е случај со овој систем. Ситемов е комбинација на сите претходни системи и е највисоко ниво на оваа боречка вештина. Исто така, овој систем вклучува оружје, но и останати додадтни боречки техники.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уредиAUKA WASI - La Casa del Guerrero (in Spanish) Архивирано на 31 јануари 2011 г.