Кралев гамбит
Кралев гамбит — шаховско отворање кое настанува со потезите:
Кралев гамбит | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Потези | 1.e4 е5 2.f4 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
ЕШО | C30-C39 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Потекло | Џулио Полерио, 1594 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Предотворање | Отворено отворање | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
На Chess Games |
Белиот нуди пешак, за да го отстрани црниот e-пешак од центарот и да изгради силен центар играјќи d2-d4. Теоријата покажала дека за црниот со цел да ја задржи материјалната предност, одигрува потези со кои сериозно ја ослабел позицијата на своите фигури. Кралевиот гамбит е едно од најстарите забележани отворања, коешто било пробувано во 17. век од страна на италијанскиот шахист Џулио Полерио.[1] Тоа е стара книга од Луис Рамирес де Луцена.[2] Денес Кралевиот гамбит е ретко играно отворање во врвниот шах. Црниот може да избере да освои пешак, со што ќе создаде исклучително одбранбена позиција.
Историја
уредиКралевиот гамбит е едно од најпопуларните отворања во последните 300 години и било играно од многу големи шахисти и е се среќава во најголемите шаховски партии кои некогаш биле одиграни, вклучувајќи ја овде и Бесмртната партија. Сепак шахистите на ова отворање не обрнуваат големо внимание. Франсоа-Андре Даникан Филидор (1726-95), еден од најголемите шаховски теоретичари во тоа време запиѓшал дека Кралевиот гамбит би требало да води до реми, при најдобра игра на обете страни, потенцирајќи дека stating „гамбит еднаков на добар напад и одбрана никогаш не е решена партија, ни за едната ни за другата страна.“[3] Околу 150 години подоцна, Зигберт Тараш, деен од најдобрите шахисти на 19. и почетокот на 20. век го нарекол отворрањето „решавачка грешка“ и запишал дека „речиси е лудо да се игра Кралев гамбит“."[4] Слично, идниот светски првак во шах Боби Фишер, по поразот во Кралев гамбит од Борис Спаски на шаховскиот турнир во Мар дел Плата во 1960, ја напишал познтатата статија „Расипаниот Кралев гамбит!“, објавена во American Chess Quarterly, во која запишал, „По мое мислење Кралевиот гамбит е расипан. Се губи од сила.“ [5] Оттогаш Кралевиот гамбит ретко се игра во велемајсторските партии, иако сѐ уште се игра од некои велемајстори, како Џозеф Галгер, Александар Морозевич и Алексеј Федоров.
Наводи
уреди- ↑ Ристоја, Томас; Аулики Ристоја (1995). Perusteet. Схаки (фински). WSOY. стр. 58. ISBN 951-0-20505-2.
- ↑ Хупер, Дејвид & Кенет Вајлд (1992), Друштвото на Оксфорд во шахот (2 изд.), Oxford University Press, ISBN 0-19-866164-9
- ↑ Филидор, Франсоа-Андре Даникан (2005), Анализа на шаховвската игра(1777) (2 изд.), Harding Simple Ltd., стр.67, ISBN 1-84382-161-3
- ↑ Тараш, Зигберт (1938), Шаховска игра, David McKay, стр.309
- ↑ Расипаниот Кралев гамбит Chess Quarterly.