Романдија
подрачје на Швајцарија во коешто е распространето францускојазично население
Романдија (француски: Suisse romande[1]), се среќава и како Француска Швајцарија, Францускојазична Швајцарија, Франкофонска Швајцарија или Западна Швајцарија — поим со којшто се опишуваат подрачјата на Швајцарија каде што се зборува францускиот јазик.[2]
Романдија се состои од кантоните Женева, Јура, Нешател и Во со француски како службен јазик, како и франкофонските делови на двојазичните кантони Берн (Бил и Бернска Јура), Фрибур и Вале. И покрај тоа што населението од 2 милиони жители во Романдија претставува околу една четвртина од вкупното население на земјата, Женева е втор најголем град веднаш по Цирих и пред Базел, а Лозана е петти најголем град веднаш по Базел.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Christophe Büchi: Nur ein bisschen Brüder. Der Begriff Romandie. In: NZZ, 19. August 2016.
- ↑ Démographie: suisse romande Le cap des deux millions Архивирано на 9 јули 2017 г.. L’Hebdo. 14 mai 2017. (француски)
Надворешни врски
уреди„Романдија“ на Ризницата ? |
- Büchi, C.. Die Geburt der Romandie. Neue Zürcher Zeitung. 14. Januar 2017. (германски)