Јазици во Швајцарија

Јазиците во Швајцарија се значајна културна и политичка компонента на земјата.

Швајцарија Јазици во Швајцарија Швајцарија
Јазична карта на Швајцарија од 2010 година
Национален јазик
ИзворФедерален завод за статистика[1]
Демографија на Швајцарија

Денес се признаени четири национални јазици во Швајцарија: германски, француски, италијански и реторомански.[2] Сите освен последниот имаат еднаков статус како официјални јазици на национално ниво, во рамките на Сојузната администрација на Швајцарија,[3] додека ретороманскиот е официјален јазик само во тријазичниот кантон Граубинден. Покрај овие четири јазици, во одредени ситауции се користи и латинскиот, конкретно како јазик на кој се именува државата—Confoederatio Helvetica, од кое име всушност произлегува и скратеницата за Швајцарија—CH.

Швајцарска монета со латинското име на државата

Според податоци од 2017 година, во Швајцарија 62,6% зборуваат германски како мајчин јазик; 22,9% француски; 8,2% италијански, и 0,5% реторомански. Мнозинството од германските, француските и италијанските говорници зборуваат на варијанта на нивниот јазик која е типична за Швајцарија.[4]

Денес Швајцарија може да се подели на неколку јазични региони. Најголемиот од нив е германскиот (Deutschschweiz), кој се простира во источните, северните и централните делови на државата; следува францускиот (la Romandie) кој го зафаќа само западниот дел на Швајцарија; италијанскиот (Svizzera italiana) сместен на југот. Постои и мало население на реторомански говорници во источните делови на земјата.

Покрај тријазичниот Граубинден, кантоните Фрибур, Берн и Вале се двојазични.

Наводи

уреди
  1. „Sprachen 2015“ (германски, француски, и италијански). 31 јануари 2017. Посетено на 3 август 2020.
  2. „SR 101 The Federal Constitution of the Swiss Confederation of 18 April 1999 (Status as of 12 February 2017): Art. 4 National languages“. The portal of the Swiss government (Federal Law collection). Berne, Switzerland: The Federal Council. 12 February 2017. Архивирано од изворникот на 2014-10-23. Посетено на 2017-06-13.
  3. „SR 441.1 Bundesgesetz über die Landessprachen und die Verständigung zwischen den Sprachgemeinschaften [Federal Act on the National Languages and Understanding between the Linguistic Communities] (Sprachengesetz, SpG) vom 5. Oktober 2007 (Stand am 1. Januar 2017): Art. 5 Amtssprachen“. The portal of the Swiss government (Federal Law collection) (германски, француски, италијански, и реторомански). Berne, Switzerland: The Federal Council. 1 January 2017. Посетено на 2017-06-13.
  4. Statistik, Bundesamt für (2019-02-21). „Die zehn häufigsten Hauptsprachen der ständigen Wohnbevölkerung - 2014-2017 | Tabelle“. Bundesamt für Statistik (германски). Посетено на 2019-02-21.