Италијанска Швајцарија

подрачје на Швајцарија во коешто е распространето италијанскојазично население

Италијанска Швајцарија (италијански: Svizzera italiana) или Италијанскојазична Швајцарија — поим со којшто се опишуваат подрачјата на Швајцарија во коишто мнозинското население говори италијански. Италијанскојазичниот дел од Швајцарија во 2015 година броел отколку 350.000 жители, односно околу 6% од вкупното население на земјата, коишто главно ги населуваат кантоните Тичино и Граубинден. Сепак, во Швајцарија живеат околу 700.000 италијанскојазични лица, кои претставуваат околу 8% од вкупното население. Најголема општина во Италијанска Швајцарија со околу 68.000 жители е градот Лугано, којшто всушност е и најголем град во којшто се зборува италијански надвор од Италија.[1]

Јазични подрачја во Швајцарија – сооднос на мнозинското население согласно статистичко испитување спроведено во 2010 година. Управната поделба на картата е согласно 1 јануари 2021 година.
  германски
(65,6% од населението; 73,3% од Швајцарците)
  француски
(22,8% од населението; 23,4% од Швајцарците)
  италијански
(8,4% од населението; 6,1% од Швајцарците)
  реторомански
(0,6% од населението; 0,7% од Швајцарците)

Италијанскиот е службен јазик во Швајцарија и со тоа правно е еднаков со германскиот и францускиот.[б 1][2]

Поврзано уреди

Белешки уреди

  1. Ретороманскиот како четврти државен јазик на Швајцарија има статус на службен јазик само во интеракција со ретороманскојазичното население.

Наводи уреди

  1. Popolazione in crescita.RSI Radiotelevisione svizzera. 14 maggio 2017. (италијански)
  2. Amtssprachen und Landessprachen der Schweiz. Schweizerische Nationalbibliothek NB. 14. Mai 2017. (германски)