Роко Бароко
Роко Бароко (итал. Rocco Barocco, роден во 1944 година во Неапол, Италија) е италијански моден творец.
Животопис
уредиДетството и младоста ги минал на островот Искја, близу Неапол, каде што пораснал во семејство заедно со осум браќа. Има диплома за капетан на долга пловидба која ја стекнал на Академијата за морепловство на островот Проџида.
Привлечен од светот на модата, во 1962 година се преселил во Рим каде что најпрвин работел во ателјето на Патрик Де Баренцен.
Во 1974 година го отвора своето модно студио на Шпанскиот плоштад во Рим, а во 1979 година по многубројните успеси кои ги постигнал во високата мода, ја претставил првата женска прет-а-порте колекција. Познат е по неговите сексипилни творби, а меѓу наградите кои ги добил како признание за својот труд, треба да се спомнат „Сребрената маска“ за висока мода во 1967 година, наградата „Сингер“ во Њујорк за млад моден творец и онаа во Питсбург во 1973 година.