Родени убијци (филм)

Родени убијци е акционен/крими филм режиран од Оливер Стоун во врска со две жртви на трауматично детство кои стануваат љубовници и масовни убијци и се прославени од страна на медиумите. Ѕвезди на филмот се Вуди Харелсон и Џулиет Луис, заедно со Родни Денџерфилд, Роберт Дауни, Том Сајзмор, и Томи Ли Џонс.

„Родени убијци“
Податотека:NBKillaz.jpg
Постер
РежисерОливер Стоун
ПродуцентАрнон Милчан
Џејн Хамшер
Дон Марфи
Том Моунт
Клејтон Таунсенд
Главни улогиВуди Харелсон
Џулиет Јуис
Роберт Дауни
Том Сајзмор
и Томи Ли Џонс
МузикаБрент Луис
КинематографијаРоберт Ричардсон
МонтажаБрајан Бердан
Студио"Regency Enterprises"
"Alcor Films"
"Ixtlan Corporation"
"New Regency"
Дистрибутер"Warner Bros. Pictures"
"Lionsgate Films"[1]
Премиераавгуст 26 1994 (1994-08-26)
Времетраење119 минути
ЗемјаСАД
Јазиканглиски
Буџет$34 милиони
Бруто заработка$61,615,296

Филмот е заснован на сценарио напишано од Квентин Тарантино, кое подоцна го преуредил Стоун заедно со писателот Дејв Велоз и помошник продуцентот Ричард Рутовски. Познат по својата насилна содржина, филмот е прогласен за осмиот најконтроверзен филм на сите времиња од страна на Entertainment Weekly во 2006 година.[2]

Родени убијци беше промовиран со наслови како: „Храбар нов филм кој ни прикажува слика на држава заведена од слава, опседната од криминал и конзумирана од медиумите“ и „ Во медиумскиот циркус на животот тие беа главна атракција“. Премиерното прикажување беше во Соединетите Држави на 26 август 1994 година.

Дејствие

уреди

Вовед

уреди

Мики Нокс (Вуди Харелсон) и неговата жена Мелори (Џулиет Луис) застануваат во кафуле на автопат во пустина во Ново Мексико. Пристигнува група селани (Ричард Лајнбек, Кирк Балц и Џејмс Гемон) и еден од нив почнува сексуално да ја малтретира Мелори. Таа накратко го заведува пред да го претепа до смрт. Потоа, Мики и Мелори ги убиваат сите, освен двајцата вработени во кафулето, при што кулминацијата ја достигнуваат со морбидната игра „Еци Пеци Пец“ за да одлучат кој од нив ќе остане жив а кого ќе убијат. По убивањето на келнерката Мабел (О-Лан Џонс), двојката се осигурува дека единствениот преживеан ги памти нивните имиња по што тие се прегрнуваат и си изјавуваат бесмртна љубов.

Прв дел

уреди

Мики и Мелори кампуваат во пустина и Мелори се потсетува на нивното запознавање.Ретроспективата го покажува Мики како разнесувач на месо, тој доаѓа во нејзиниот дом во кој таа живее со својот татко што сексуално ја малтретира (Родни Денгерфилд), со несовесната мајка (Еди Мекларг), и со нејзиниот помал брат Кевин (Шон Стоун). Мики и Мелори веднаш се заљубуваат и заминуваат од куќата заедно, при што Мики го краде автомобилот на нејзиниот татко. Набрзо потоа, Мики е уапсен и е во притвор поради кражба на автомобил, но последователно бега за време на торнадо и се враќа во куќата на Мелори. Двајцата ги убиваат нејзините родители, но го поштедуваат Кевин. Продолжуваат на пат и се „венчаваат“ на мост, прославувајќи со земање заложничка. Бесна на идејата на Мики да имаат тројка, Мелори вози до најблиската бензиска станица каде што флертува со механичарот (Балтазар Гети). Тие почнуваат со секс на хауба од кола, но Мелори го убива кога тој препознава дека таа е баран убиец. Во меѓувреме, Мики ја силува заложничката.

Втор дел

уреди

Парот ја продолжува нивната треска на убивање, оставајќи зад себе 52 жртви во Ново Мексико, Аризона и Невада. Нивен прогонувач е детективот Џек Скагнети (Том Сајзмор), кој станува опседнат со масовни убијци откако и тој самиот на осум годишна возраст бил сведок на застрелувањето и убивањето на неговата мајка од страна на Чарлс Вајтмен. Под неговата херојска фасада, се крие насилен психопат, кој има и задавено проститутка до смрт. Убијците исто така ги следи и таблоидниот себе-промовирачки новинар Вејни Гејл (Роберт Дауни). Гејл ги прикажува Мики и Мелори на своето шоу, „Американски манијаци“, каде ги издигнува до статус на култни херои.

Мики и Мелори се губат во пустината и наидуваат на Варен Ред (Расел Минс), навахо индијанец, и неговиот млад внук Џеремија Битсуи). Откако Мики и Мелори заспиваат, индијанецот се надева дека ќе го истера демонот што го согледува во Мики, почнува да мантра покрај огнот, предизвикувајќи кошмари кај Мики во врска со неговите родители што го малтретирале. Тој се буди разбеснет и фатално го застрелува “Red Cloud” (црвениот облак) пред да се свести што прави. Тоа е првпат Мелори и Мики да почувствуваат вина за извршено убиство. Бегајќи од местото на злосторот, скршнуваат на поле со ѕвечарки кои ги каснуваат и двајцата.

Возат до аптека за да најдат противотров, но фармацефтот го вклучува тивкиот аларм пред Мики да го убие. Наскоро пристигнуваат полициски автомобили и Мелори е уапсена и претепана од полицијата. Почнува вооружена тепачка помеѓу Мики и останатите. Пристигнува Скагнети и го уценува Мики дека доколку не се предаде ќе и ги отсече градите на Мелори. Мики ги предава сите негови пиштоли, но го напаѓа Скагнети со нож. Полицијата употребува електро-шок и сцената завршува со брутално претепување над Мики и Мелори од страна на група одмазднички полицајци додека сето тоа го снима јапонска новинарска екипа предводена од репортерка.

Трет дел

уреди

Приказната продолжува една година подоцна: парот е притворен и чекаат да бидат преместени во психијатриска болница откако се прогласени за луди. Скагнети пристигнува во затворот и се сретнува со управникот Двајт Мек Класки (Томи Ли Џонс), со кој планира да ги убие двајцата криминалци. Мек Класки ќе среди Скагнети да биде возач при трансферот на Ноксови. Насамо со парот, Скагнети ќе ги убие со изговор дека пробале да избегаат.

Во меѓувреме, Гејл го наговара Мики да се согласи на интервју во живо кое ќе се емитува веднаш по емисијата "Super Bowl". Мелори е затворена во самица, на друго место во истиот затвор, каде што чека да биде префрлена во ментална болница. За време на интервјуто, Мики одржува говор за тоа како убивањето овозможува просветлување и се нарекува себеси „роден убиец“. Неговите зборови ги инспирираат другите затвореници (кои го гледаат интервјуто на ТВ во собата за рекреација) и ги предизвикува да започнат немири.

Откако дознава за немирот, Мек Класки наредува да се прекине интервјуто и покрај жестокото протестирање на Гејл. Го оставаат Мики насамо со Гејл, екипата на филмот и неколку чувари. Користејќи шега како диверзија, Мики соборува еден од чуварите и ја грабнува неговата сачмарка. Тој ги убива повеќето од чуварите, а останатите ги зема како заложници, водејќи ги низ затворскиот немир. Гејл ги следи, давајќи директен телевизиски пренос додека луѓе околу него се тепаат и убиваат.

Скагнети е во ќелијата на Мелори и пробува да ја заведе. Таа ги одбива неговите обиди, сплескувајќи му ја фацата од ѕид при што му го крши носот. Чуварите и Скагнети ја соборуваат. Сè уште во живо на националната телевизија, Мики влегува во мексикански двобој со Скагнети, при што глуми дека се предава. Во тој момент Мелори му се прикрадува на Скагнети одпозади и му го пресекува вратот со импровизирано ноже. За хоророт на Скагнети да биде уште поголем, Мики му соопштува дека во неговата пушка немало воопшто куршуми во текот на целиот двобој. Тогаш, Мелори го зема пиштолот од Скагнети и го убива.

Мики и Мелори го продолжуваат бегството низ затворот разурнат од немирите, при што целата ТВ екипа на Гејл е убиена. Самиот Гејл одлепува, подлегнува на “стокхолмскиот синдром“ и почнува да пука во чуварите со пиштол што го краде од еден од веќе мртвите чувари. Откако мистериозниот затвореник Овен Трафт (Арлис Ховард), ) ги спасува, триото Мики, Мелори и Гејл налетува на Мек Класки и тешко вооружен ѕид од чувари. Триото се засолнува во преплавена од крв просторија за туширање. Мек Класки се заканува дека ќе провали внатре, но на тоа, Мики се заканува дека ќе ги убие Гејл и чуварот во живо на ТВ, по што затворениците излегуваат од предна врата. Мек Класки и неговото обезбедување набргу се масакрирани од ордите на затворениците.

Мики и Мелори крадат комбе и го убиваат последниот чувар, а судбината на Овен е непозната. Бегајќи до некоја рурална локација, го даваат последното интервју на Гејл пред да му соопштат дека и тој исто така мора да умре. Тој со разни аргументи се обидува да ги предомисли, на крај потсетувајќи ги на нивната препознатлива практика на пуштање еден преживеан. Мики го инфирмира дека тие сепак оставаат сведок да ја раскаже приказната - неговата камера. Гејл ја прифаќа својата судбина и ги пружа рацете во форма на крст а тие пукаат во него до смрт додека камерата продолжува да снима. Парот е прикажан неколку години подоцна, во камперско комби, Мики вози а Мелори (која е трудна) ги гледа нивните две деца како си играат.

Продукција

уреди

Филмот Родени убијци се заснова на сценариото напишано од страна на Квентин Тарантино, во кое венчан пар одеднаш e обземен од убивачката треска. Тарантино, по неуспешниот обид сам да го изрежира сценариото за 500 000 долари, го продава на продуцентите Џејн Хамшер и Дон Марфи за 10 000 долари.[3] Тие последователно го препродаваат сценариото на Варнер Брос.Истовремено Оливер Стоун дознава за сценариото. Тој сакал да најде нешто поедноставно, за разлика од неговиот претходен филм, - Рај и Земја; чие снимање го исцрпило, па така почувствувал дека Родени убијци е токму она што го барал.[4]

Режисерот Оливер Стоун, неговиот соработник Ричард Рутовски и писателот Дејвид Велоз, повторно го напишале сценариото, оставајќи поголем дел од дијалозите, меѓутоа менувајќи го фокусот на филмот кој претходно се засновал на новинарот - Вејни Гејл (Роберт Дауни Јр.) а сега на Мики и Мелори. Всушност, сценариото било толку променето, што според ЗПА (Здружение на Писатели во Америка), Тарантино бил одговорен само за филмската приказна. Тој во едно од интервјуата во 1993г. изјавил дека не чувствува непријателство кон Стоун и дека му посакува секое добро за филмот;

"Нема да биде мој филмот туку на Оливер Стоун, и Господ да го благослови. Се надевам дека ќе ја направи вистинската работа со него. Да не бев емотивно поврзан со филмот, сигурен сум дека би ми бил многу интересен. Доколку ги сакате моите работи, можно е да не ви се допадне филмов. Но, ако ги сакате неговите работи, најверојатно многу ќе ви се допадне. Можеби ова е најдоброто нешто кое тој го направил до сега, но не затоа што јас имам некаква врска со тоа. Всушност, да ви кажам искрено, едвај чекам да го гледам."[5]

На почетокот, кога сценариото го привлече вниманието на Стоун, нему му изгледаше дека станува збор за акционен филм - на кој Арнолд Шварценегер би се гордеел."[6] Сепак, при развојот на проектот, заземаа место настаните како на пример случајот на О.Џ. Симпсон, случката со Менендез браќата, инцидентот со Тонија Хардинг/Ненси Кериген, инцидентот со Родни Кинг и нападот на федералната полиција врз „Давидовата гранка“ - религиозна секта. Стоун почувстувал дека медиумите се длабоко навлезени во исходот на сите овие случаи и дека станале сеприсутна единка која ги продава насилството и страдањето за поголема гледаност. Како таков, тој го променил филмот од едноставна акција во сатирична критика воглавно за медиумите.[4] Исто така, шаренилото на Стоуновиот пристап и придонесувањето на насилната содржина во филмот, всушност биле бесот и тагата што тој ја почувствувал при разводот на неговиот втор брак.[7]. Исто така во едно од интервјуата изјавил дека филмот има влијание од „живоста“ на хинду филмови.[8] Родни Денџерфилд сам ги напишал или препишал сите негови редови.[9]

За време на пред-продукцијата, поради подготовките за улогата на Вејни Гејл, Дауни поминал време со Австралијанскиот ТВ шок-крал Стив Данлеви, Данлеви и подоцна го убедил Стоун да му допушти да ја игра улогата на Гејл со австралијански акцент. Исто така, за време на пред-продукцијата, Стоун се обидел да ја убеди глумицата Џулиет Луис да се поправи за улогата на Мелори, за да изгледа дека е посилна, но таа одбила велејќи дека сака личноста да изгледа на лесна жртва а не на женски телоградител.[10]

Снимањето на целиот филм траело само 56 дена, но монтажата продолжила 11 месеци, и конечната филмска содржина имала скоро 3000 исечоци (повеќето филмови имаат 600-700).[10]

Локации на кои се снимало се “Rio Grande George Bridge“, западно од Таос, Ново Мексико, каде што е снимана сцената со венчавката и Стејтвил поправниот центар, каде што е сниман затворскиот немир. Во Стејтвил 80 % од затворениците се затворени поради насилни злосторства. Првите две недели на локацијата во затворот, статисти биле вистинските затвореници со гумени оружја. Наредните две недели, 200 статисти биле потребни затоа што затворениците од Стејтвил биле под посебен режим. Според Том Сајзмор, снимајќи ги затворските сцени, Стоун помеѓу снимањата пуштал гласна африканска племенска музика за да ја задржи наелектрезирана атмосферата. Додека ја снимале сцената од гледна точка на Мелори, каде Мелори трча накај мрежата од жица, директорот на фотографија Роберт Ричардсон го скршил прстот, а камерманот кој го заменил го исекол окото. Според Оливер Стоун, не бил најомилен кај камерманите тој ден.

Популарната „Кока-Кола“ реклама со белата мечка е видена двапати во филмот. Според Стоун, „Кока-Кола“ дозволиле да се користи рекламата без притоа да имаат целосна претстава за што се работи во филмот. Кога го изгледале целиот филм, биле бесни.

Саундртракот на филмот го создале Стоун и Трент Резнор од "Nine Inch Nails",”, кој наводно го изгледал филмот над 50 пати за да се соживее со атмосферата". За неговиот пристап кон составување на саундтракот на "MTV" изјавил:

„Му предложив на Стоун да се обиде да го претвори саундтракот во колаж од звуци, на начин како што беше користена музиката во филмот: да прави промени, да додава дијалози, да направи нешто интересно, дека тоа би било подобро отколку купче од претходно објавена музика“.

Некои песни беа напишани специјално за филмот или саундтракот, како што е “Burn” од “Nine Inch Nails”.

Стил

уреди

Родени убијци е сниман и уредуван во жесток и психоделичен стил кој се состои од црно-бело, анимација и други невообичаени шеми на боја и употреба на широк спектар на агли на камерата, филтри, леќи и специјални ефекти. Голем дел од филмот е раскажан преку пародии на телевизиските шоуа, вклучувајќи ја и сцената „(Ја сакам Мелори)“претставена во стилот на ситком (ситуациска комедија) за дисфункционално семејство. Откако бил објавен филмот, рекламите кои до тогаш биле најчесто емитувани, биле паузирани, со наизменично појавување. Во неговото ДВД образложение, Оливер Стоун детално го опишува филмот, објаснувајќи сцена по сцена зашто конкретната појава била избрана за конкретна сцена.

Стоун го смета Родени убијци за негов патувачки филм (road film), посебно назначувајќи го Бони и Клајд како главен извор на инспирација. За славната смртна сцена во Бони и Клајд биле искористени иновативни техники на уредување, кои биле обезбедени со многубројни кадри од различни агли и брзини; ова уредување со повремените измени помеѓу брзата и забавената снимка, што го обележува фимот на Артур Пен, во целост е искористено во Родени убијци.

Понатаму, и двата филма спаѓаат во жанрот патувачки филмови, преку нивните постојани предизвици со општеството во кое карактерите живеат. Додека Бони и Клајд се обидуваат да ја дезинтегрираат слабата економска и социјална состојба во 1930те, Мики и Мелори пробуваат да ја ослободат Америка од сеопфатните конвенции кои влијаат врз масите, главно медиумите. Сепак, додека заклучокот во Бони и Клајд е со песимистички поглед во врска со поединечната слобода во американскиот домен на влијание, Оливер Стоун го гледа Родени убијци како филм со оптимистично финале. Во Бони и Клајд, полициската заседа врз парот ја претставува емпириската контрола од страна на законот врз поединецот. Сепак, Родени убијци завршува со парот како симболично ги уништува масовните медиуми, што е претставено преку Вејни Гејл и успешно бегаат заедно, да живеат релативно “нормален“ живот. Како што и самиот Стоун изјави: „На свој начин, Родени убијци е на крајот на краиштата многу оптимистички филм во врска со иднината. Се работи за слободата и способноста секое човечко суштество да ја добие.“

Контраверзности

уреди

Цензура

уреди

Кога филмот за првпат бил предаден во “MPAA” (Motion Picture Association of America – американско здружение за филм), на Стоун му било кажано дека ќе го забранат филмот за деца под 17 години, ако тој не извади одредени делови. Па така, Стоун го намалил насилството вадејќи околу 4 минути од снимките, при што “MPAA” го оцениле филмот како достоен и за деца под 17 години во придружба на возрасни. Оригиналната неисечена верзија на филмот е сега достапна на ДВД и Блу-Реј диск.

Филмот бил строго забранет во Ирска.

Прикажувањето на овој филм во Велика Британија било одложено додека БОКФ (Британскиот Оддел за Класификација на Филмови) ги истражувал пријавите за тоа дека филмот предизвикал да се имитираат убиства од сцените во САД и Франција, при што конечно бил прикажан во кино салите во февруари 1995.

Оригиналното домашно издание наменето за Велика Британија закажано за Март 1996, било откажано поради масакарот во основното учулиште „Дублејн“ во Шкотска. Меѓувремено телевизискиот канал „Канал 5” го прикажал филмот во ноември 1997. Во Јули 2001 конечно бил издаден на видео.

Стоун постојано тврдел дека филмот претставува сатира за тоа како сериските убијци се обожувани од страна на медиумите за нивните ужасни дела и дека тие кои тврдат дека насилството во филмот само по себе е причина за општествено насилство, ја пропуштиле поентата на филмот.

Американскиот магазин “Entertainment Weekly” го оценил филмот како 8миот најконтраверзен филм на сите времиња.

Наводи

уреди

Белешки

уреди
  1. Warner Bros. only owns the rights to the theatrical version, Oliver Stone himself retained ownership of his preferred cut. Distribution rights to the director's cut reverted from Lionsgate to WB in 2009.
  2. 25 Most Controversial Movies Ever Архивирано на 6 октомври 2014 г., Entertainment Weekly, 9 June 2006
  3. Hamsher, Jane (1998). Killer Instinct. Broadway. стр. 48–51. ISBN 0-7679-0075-8.
  4. 4,0 4,1 „Oliver Stone Interview with Charlie Rose“. Посетено на 2008-11-25.
  5. Fuller, Graham (1998). „Graham Fuller/1993“. Во Peary, Gerald (уред.). Quentin Tarantino: Interviews. University Press of Mississippi. стр. 57–59. ISBN 1-57806-051-6.
  6. 'Chaos Rising: The Storm Around Natural Born Killers' (DVD Featurette)“.
  7. Cadwalladr, Carole (18 July 2010). „Oliver Stone and the politics of film-making“. The Observer. Посетено на 22 July 2010.
  8. „Oliver Stone 'loves' Indian cinema“. BBC News. October 27, 2010.
  9. „MOVIES : Natural Born Actor : Comic titan Rodney Dangerfield is getting respect for his performance as a hateful dad in 'Natural Born Killers.'. LA Times. Посетено на 2013-05-27.
  10. 10,0 10,1 „Director's Commentary (DVD Extra)“.

Саундтрак

уреди

Саундтракот бил објавен на 23ти Август, 1994г. од издавачката куќа "Interscope Records".

  1. "Waiting for the Miracle" (Edit) – Leonard Cohen
  2. "Shitlist" – L7
  3. "Moon Over Greene County" (Edit) – Dan Zanes
  4. "Rock N Roll Nigger" (Flood Remix) – Patti Smith
  5. "Sweet Jane" (Edit) – Cowboy Junkies
  6. "You Belong to Me" – Bob Dylan
  7. "The Trembler" (Edit) – Duane Eddy
  8. "Burn" – Nine Inch Nails
  9. "Route 666" – BB Tone Brian Berdan feat. Robert Downey, Jr.
  10. "Totally Hot" – Remmy Ongala & Orchestre Super Matimila
  11. "Back in Baby's Arms" – Patsy Cline
  12. "Taboo" (Edit) – Peter Gabriel and Nusrat Fateh Ali Khan
  13. "Sex is Violent" – Jane's Addiction and Diamanda Galás (based on "Ted, Just Admit It...")
  14. "History Repeats Itself" (Edit) – A.O.S.
  15. "Something I Can Never Have" (Edited and Extended) – Nine Inch Nails
  16. "I Will Take You Home" – Russell Means
  17. "Drums a Go-Go" (Edit) – The Hollywood Persuaders
  18. "Hungry Ants" – Barry Adamson
  19. "The Day the Niggaz Took Over" – Dr. Dre
  20. "Born Bad" – Juliette Lewis
  21. "Fall of the Rebel Angels" (Edit) – Sergio Cervetti
  22. "Forkboy" – Lard
  23. "Batonga in Batongaville" (Edit) –
  24. "A Warm Place" (Edit) – Nine Inch Nails
  25. "Allah, Mohammad, Char, Yaar" – Nusrat Fateh Ali Khan
  26. "The Future" (Edit) – Leonard Cohen
  27. "What Would U Do?"Tha Dogg Pound