Бисер балкански

македонска народна песна

„Бисер балкански“ — новокомпонирана македонска народна песна во изведба на пејачот Гоце Николовски. Песната за првпат била испеана на „Фолк фест Валандово“ во 1990 година. Ја освоила првата награда. Текстот на песната е од Јован Павловски, музиката е на Хилми Билбил а аранжманот е на Томислав Таневски. По самата изведба песната станува голем хит и многу наскоро станува широко прифатена од македонскиот народ.

„Бисер балкански“
Песна од Гоце Николовски
Јазикмакедонски
Објавена1990
Пуштена1990
Жанрнародна музика
Должина4:40
ПеснописецЈован Павловски[1]
Композитор(и)Хилми Билбил и Т. Таневски[1]
Гоце Николовски во изведба

Јасминка Павловска, во својата статија посветена на Гоце Николовски вели дека ниту една новосоздадена песна претходно, ни потоа немала таква општонародна прифатеност, што во периодот на раните деведесетти, што се совпаѓа со независноста на Македонија, ужива и своевиден статус на химна.[1]

Тема

уреди

Песната спаѓа во категоријата на народни новокомпонирани песни, во подгрупата на родољубиви песни. Главна тема е опевување на македонските убавини. Покрај тоа, во песната се опеани сите три дела на етничка Македонија, нејзината црна историја, но и љубовта кон истата.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Тивката тага на бисерот балкански“. Посетено на 2011-09-08.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди