Ричард Маркс
Ричард Ноел Маркс (англ. Richard Noel Marx; роден на 16 септември 1963 [4] ) ― американски поп-рок пејач и текстописец. Продал преку 30 милиони албуми.[5]
Ричард Маркс | |
---|---|
Ричард Маркс во 2005 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Ричард Ноел Маркс |
Роден(а) | 16 септември 1963 Чикаго, Илиноис, САД |
Жанрови | |
Занимања |
|
Инструменти |
|
Период на активност | 1968–денес |
Издавачи |
|
Мреж. место | richardmarx.com |
Рани години
уредиРичард Маркс е роден на 16 септември 1963 година во Чикаго,[4] во музичко семејство. Неговиот татко, Дик Маркс, бил џез-пијанист и аранжер, а мајка му, Рут, била пејачка. Од рана возраст, Маркс бил изложен на музика, а од петгодишна возраст почнал да пее џинглови за радио и телевизиски реклами што ги создавал неговиот татко.[6]
Музичка кариера
уредиНа 17-годишна возраст, Маркс добил можност да работи со познатиот музичар Лајонел Ричи, кој го охрабрил да се пресели во Лос Анџелес за да ја започне музичката кариера.[7] Таму Маркс почнал да пишува песни за други изведувачи и да работи како придружен вокалист за познати музичари како: Лајонел Ричи, Џорџ Бенсон, Chicago, Хулио Иглесијас, Витни Хјустон, Мадона, Барбара Стрејсенд, Кени Роџерс, Натали Кол и многу други.
Прв албум и популарност
уредиВо 1987 година, Ричард Маркс го издал неговиот прв истоимен албум, Richard Marx, и забележал голем успех со хит-сингловите: „Don't Mean Nothing“, „Endless Summer Nights“, „Should've Known Better“, и „Hold On to the Nights“. Албумот бил сертифициран за тројно платинест[8][9] и го катапултирал Маркс на светската музичка сцена. Маркс тргнал на 14-месечна светска турнеја, прво отворајќи за REO Speedwagon, но подоцна почнал со сопствени концерти.
Во 1988 година, Маркс бил номиниран за Греми награда за најдобра рок вокална изведба - соло за „Don't Mean Nothing“.[10] Истата година, песната „Surrender to Me “, која ја напишал заедно со Рос Ванели, се појавила во филмот Изгрејсонце со Текила.
Следниот албум, Repeat Offender (1989), му донел уште поголема популарност. Хитовите „Right Here Waiting“, „Satisfied“ и „Angelia“ го одржале на врвот на топ-листите. Песната „Right Here Waiting“ станала една од неговите најпознати и најпрепознатливи песни, искачувајќи се на врвот на топ-листите во многу земји.
Маркс ја извел песната „Help“ од Битлси на Берлинскиот ѕид кон крајот на 1989 година. Маркс, исто така, ја добил неговата втора номинација за Греми за најдобра поп вокална изведба - машко за „Right Here Waiting“ во 1990 година.[11]
1990-ти и 2000-ти
уредиВо текот на 1990-тите, Маркс продолжил да издава успешни албуми, иако неговата популарност се намалила во споредба со претходната декада. Албумите Rush Street (1991) и Paid Vacation (1994) ги исфрлиле хитовите: „Keep Coming Back“ и „Now and Forever“. „Now and Forever“ станала светски хит.
Во овој период, Маркс исто така почнал да се фокусира повеќе на продукција и пишување песни за други изведувачи. Тој напишаl и продуцирал песни за музички ѕвезди како Џош Гробан, Натали Кол, и Лутер Вандрос. Во 2000 година, Маркс го напишал и го продуцирал „This I Promise You“, сингл од NSYNC.[12] Песната „Dance with My Father“, која ја напишал заедно со Вандрос, во 2004 година освоила Греми награда за песна на годината.[13]
Неговиот албум Days in Avalon (2000) добила позитивни критики, а во 2008 година издаде албум со акустични верзии од неговите најголеми хитови наречен „Sundown“.
Во текот на летото во 2006 година, Маркс бил на турнеја со Ringo Starr & His All-Starr Band. Други членови на All-Starr групата таа година биле Едгар Винтер, Шејла Е. и Били Сквајер. Маркс се појавил во ТВ-шоуто „Дуети на славните“ во септември 2006 година. Други пејачи кои учествувале во серијата биле: Смоки Робинсон, Дион Ворвик, Синди Лопер, Кени Логинс, Пети Лабел, Ренди Тревис, Џеси Мекартни и Џи Картни.
Подоцнежна кариера (2010-денес)
уредиНа 1 ноември 2011 година, Маркс го издал The Christmas EP, колекција од пет божиќни песни. Во октомври 2012 година, Маркс издал целосен албум со божиќни песни под наслов Christmas Spirit.
На 8 јули 2014 година, Маркс го издал неговиот единаесетти студиски албум, Beautiful Goodbye.
Следниот албум на Маркс, Limitless, бил објавен на 7 февруари 2020 година.[14][15]
Неговата автобиографија Приказни за кажување (Stories to Tell) била објавена во јули 2021 година.[16]
Неговиот нов албум Songwriter бил објавен на 30 септември 2022 година, а на 15 јули 2022 година го издал првиот сингл од албумот, Same Heartbreak, Different Day.
Личен живот
уредиНа 8 јануари 1989 година, Маркс се оженил со пејачката, танчерка и глумица Синтија Роудс, која глумела во Да се остане жив (англ. Staying Alive), Флешденс и Валкан танц.[4] Заедно имале три сина, но се развеле во 2014 година.[17]
На 23 декември 2015 година, Маркс се оженил со кубанско-американската глумица Дејзи Фуентес.[18][19]
Дискографија
уредиСтудиски албуми
уреди- Richard Marx (1987)
- Repeat Offender (1989)
- Rush Street (1991)
- Paid Vacation (1994)
- Flesh and Bone (1997)
- Days in Avalon (2000)
- My Own Best Enemy (2004)
- Emotional Remains (2008)
- Sundown (2008)
- Christmas Spirit (2012)
- Seven & Seven (2012)
- Beautiful Goodbye (2014)
- Limitless (2020)
- Songwriter (2022)
Наводи
уреди- ↑ „'80s Rocker Richard Marx Says He Helped Subdue Violent Jet Passenger“. Huff Post. Reuters. December 21, 2016.
- ↑ „Soft-Rock Star Richard Marx's Mansion Listed for $12 Million“. Womanista News. Архивирано од изворникот на May 4, 2018. Посетено на May 3, 2018.
- ↑ Kolton, Alex (October 6, 2022). „Richard Marx at The Union Chapel“. the American. Посетено на 26 February 2023.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 „Biography & Career Highlights“. Richard Marx Online. Архивирано од изворникот на May 26, 2007. Посетено на April 9, 2007. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „bio“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ „Live from The GRAMMY Museum: Richard Marx – GRAMMY Museum“ (англиски). Посетено на September 19, 2021.
- ↑ Armbrust, Doyle (April 7, 2010). „Marx the spot – Music“. Time Out Chicago. Архивирано од изворникот July 17, 2011. Посетено на June 27, 2011.
- ↑ „Biography and Career Highlights: The Early Years“. richardmarxonline.com. Архивирано од изворникот на January 7, 2007. Посетено на May 14, 2007.
- ↑ Feely, Paul (March 21, 2019). „Richard Marx 'Right Here Waiting' for another show in NH“. UnionLeader.com. Архивирано од изворникот July 27, 2020. Посетено на July 27, 2020.
- ↑ „Hit-Maker Richard Marx Doesn't Split Hairs : Pop music: The singer with the famed mane shrugs off his critics and looks for respect“. Los Angeles Times. July 6, 1990.
- ↑ „Biography and Career Highlights“. richardmarxonline.com. Архивирано од изворникот на January 7, 2007. Посетено на April 15, 2007.
- ↑ „32nd Grammy Awards – 1990 presented February 22, 1990“. Rock on the Net. Архивирано од изворникот на August 6, 2013. Посетено на April 15, 2007.
- ↑ Eskow, Gary (September 1, 2004). „Richard Marx“. Mixonline. Архивирано од изворникот на June 29, 2011.
- ↑ „Grammy Award results for Richard Marx“. Grammy.com. November 23, 2020. Архивирано од изворникот January 15, 2022. Посетено на January 14, 2022.
- ↑ Hafey, Lisa (March 23, 2020). „Richard Marx Is 'Limitless' With New Album Out On BMG“.
- ↑ „Richard Marx 'Limitless' New Album release date March 27th 2020“. March 3, 2020. Архивирано од изворникот на July 27, 2020. Посетено на July 27, 2020.
- ↑ Sun-Times, Selena Fragassi-For the (July 5, 2021). „Richard Marx memoir recalls his adventures, from Highland Park to Malibu“. Chicago Sun-Times (англиски). Посетено на July 8, 2021.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Wedding Announcement“. Richard Marx Music Official Facebook. December 25, 2015. Архивирано од изворникот на January 24, 2016. Посетено на December 25, 2015.
- ↑ „PEOPLE WATCH - Fuentes, Marx wed“. The (Sunbury, Pennsylvania) Daily Item: B2. December 27, 2015.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- „Richard Marx“. Artists. VH1. Архивирано од изворникот на March 12, 2012. Посетено на October 13, 2006.
- „Richard Marx“. Artists. MTV. Архивирано од изворникот на March 17, 2016. Посетено на July 8, 2019.
- Ричард Маркс на Семрежната филмска база на податоци (англиски)