Чарлс Ричард Гаф (роден во Стокхолм, Шведска, 5 април 1962) — поранешен шкотски фудбалер, дефанзивец кои во својата кариера уживал во големи успеси како капитен на Ренџерс. Тој, исто така играл за шкотската репрезентација 61 натпревар и имаше краток престој како менаџер на Ливингстон. Тој сега живее во Сан Диего.

Ричард Гаф
Лични податоци
Роден на 5 април 1962(1962-04-05)(62 г.)
Роден во Стокхолм, Шведска
Држава Шкотска Шкотска
Висина &100000000000001830000001,83 м
Играчки податоци
Позиција одбрана
Повлекување 2001
Младинска кариера
Чарлтон Чарлтон
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1980-1986 Данди Јунајтед Данди Јунајтед 165 (23)
1986-1987 Тотенхем Тотенхем 65 (0)
1987-1997 Ренџерс Ренџерс 294 (25)
1997 Канзас Сити Визардс КС Визардс 17 (0)
1997-1998 Ренџерс Ренџерс 24 (1)
1998-1999 Сан Хосе Клеш Сан Хосе Клеш 19 (2)
1999Нотингем Форест Нотингем Форест 7 (0)
1999-2001 Евертон Евертон 38 (1)
Репрезентација
1983-1993 Шкотска Шкотска 61 (6)
Раководител на екипите
2006–2007 Ливингстон Ливингстон
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Играчка кариера

уреди

Рани години

уреди

Роден од шкотски татко (поранешен играч на Чарлтон, Чарли Гаф) и мајка Швеѓанка, Гаф израснал во Јужна Африка, каде одел на училиште, во училиштето Крал Едвард VII во Јоханесбург и ја започнал својата кариера во клубот Бидвест Витс Јуневрзити. Барајќи шанса да изгради кариера во британскиот фудбал, Гаф заминал на проби во Ренџерс, но накрајот бил одбиен. После тоа играл краток период во ирскиот универзитетски колеџ во Даблин (ЈуСи Даблин). По напуштањето на Ирска се вратил во Јужна Африка, а потоа потпишал со тимот од Шкотската Премиер Дивизија Данди Јунајтед во 1980 година.

Првиот престој во Шкотска

уреди

Тој играше за Данди Јунајтед цели шест сезони, завршувајќи со 23 гола во 165 настапи и помагајќи им да ја освојат титулата во Лигата во сезоната 1982-83. Во 1986 година, Гаф беше продаден на англискиот тим од Прва дивизија, Тотенхем за £ 750.000, каде што тој играше малку повеќе од една година, и беше капитен на тимот на кој загуби од Ковентри Сити во финалето на ФА Купот 1987 година. Иако немаше сомнеж во неговиот талент, Гаф почна да се чувствува носталгичен и, во почетокот на сезоната 1987-1988, тој се врати во Шкотска, и му се приклучи на Глазгов Ренџерс со што стана првиот шкотски играч во клубот кој дошол за сума од над 1.000.000 £. Неговото деби беше на Танадајс во поразот од неговиот поранешен клуб Данди Јунајтед. Гаф остана на Иброкс до 1997 година, како капитен на тимот со што постигна успех од девет последователни титули. Тој изјавил дека "е многу горд на тоа што е фудбалер на Ренџерс после освоените 9 шампионски медали". Двајцата Али МекКоист и Ијан Фергусон исто така, беа дел од сите 9 лигашки шампионски медали за време на серијата "9 во ред" за Ренџерс.

Во 1997 година, Гаф ја напушти Велика Британија за да игра во САД во МЛС професионална лига. Гаф остана во лигата за две сезони, прво со Канзас Сити Визардс, а вториот престој му беше со Сан Хосе Клеш, иако Гаф одиграл наизменично во овие две сезони, завршувајчи со 2 гола и 2 асистенции во само 36 натпревара, тој беше избран за МЛС Best XI за време на 1997 со Визардс.

Гаф се врати во Ренџерс откако во 1997 година заврши сезоната во МЛС, а играше со клубот за уште една сезона. Вкупно, тој одиграл 318 лигашки натпревари за Ренџерс, постигнувајќи 26 гола. Во 2007 година Гаф одигра неколку натпревари за добротворни цели за екипата на ФК Холивуд Јунајтед.

Евертон

уреди

По напуштањето на Ренџерс тој се поврзал со поранешниот терен Валтер Смит во екипата на Евертон. Тој играше две сезони на Гудисон Парк запишувајќи 38 настапи и постигна еден гол против Саутемптон. За време на неговото време во Евертон тој беше капитен во неколку наврати.

Тој, исто така, имаше краток период на заем во Нотингем Форест.

Нортерн Спирит

уреди

Гаф се приклучи на фидер клубот на Ренџерс Нортерн Спирит. Тој имал понуди да ја започне тренерската кариера во Австралија но се вратил назад за Шкотска.

Репрезентативна кариера

уреди

Гаф бил редовен член на шкотската репрезентација во 1980-тите години. Тој го направил своето деби против Швајцарија во 1983 година, и оттогаш успеал да запише вкупно 61 настап за време на неговата репрезентативна кариера. Неговата репрезентативна кариера завршила предвреме, сепак, откако тој бил критикуван од страна на тренерите Енди Роксбур и Крег Браун по што тој се оддалечил од понатамошните настапи за селекцијата.

Надворешни врски

уреди