Ристо Шеќерински
Ристо Шеќерински (28 март 1927 во Штип — 5 август 2016 во Штутгарт) — македонски архитект.[1]
Ристо Шеќерински | ||
Роден | 28 март 1927 Штип, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 5 август 2016 Штутгарт, Германија | (возр. 89)|
Националност | Македонец | |
Занимање | архитект |
Животопис
уредиДипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград во 1951 година кај професорот Богдан Несторов. Живеел и работел во Скопје во проектантското претпријатие „Проектант“ (до 1956 година). Се преселил во Нови Сад и во Белград каде работел како проектант до 1963 година, а потоа работел во Швајцарија и во Германија како слободен архитект. Во Германија останал до крајот на својот живот.
Проектирал објекти со разни намени, од кои преовладуваат станбените објекти. Позначајни реализации во Македонија:
- Административен објект на ул. „11 Октомври“ во Скопје (урнат во 1963 при земјотресот); и
- Неколку станбени блокови во Скопје (1952-1955).
- Станбен блок на аголот од бул. „Кочо Рацин“ и ул. „11 Октомври“; и
- Станбен блок на ул. „Орце Николов“ (за универзитетските вработени).
Учествувал на повеќе архитектонски конкурси од 1951-1991 година на кои освоил повеќе од 10 први награди. Покрај со архитектурата се бавел и со изработка на многу акварели и разни цртежи.[2]
Негово дело е зградата наречена „Тоблероне“ во Белград во населбата Карабурма, изградена во 1963 година.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шијаковиќ“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1651. Text "series " ignored (help)
- ↑ „Ристо Шеќерински / 1927 – 2016 – МАРХ“ (англиски). Посетено на 2023-10-30.