Богдан Несторовиќ

српски архитект

Богдан Несторовиќ (српски: Богдан Несторовић; 28 април 1901 во Белград28 декември 1975 во Белград) — српски архитект.

Богдан Несторовиќ
Роден(а)28 април 1901(1901-04-28)(123 г.)
Белград, Кралство Србија
Починал(а)28 декември 1975(1975-12-28) (возр. 74)
Белград, Југославија
НационалностСрбин

Животопис

уреди

Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Белград во 1923 година. По дипломирањето бил на усовршување две години на Школата за фини уметности во Париз (1923-1925). Се вработил во архитектонското биро „Архитект“, каде што останал на работа до 1930 година. Од 1930 година до пензионирањето бил наставник на Архитектонскиот факултет во Белград, каде што го предавал предметот „Проектирање на станбени згради и науката за стиловите“. Оставил обемни научно-истражувачки трудови, посебно во областа на историјата на архитектурата и домувањето. Се јавува и како автор на поголем број станбени и општествени објекти.

 
Народна банка во Битола, дело на архитектот Богдан Несторовиќ

Градби

уреди

Во Македонија според неговите проекти биле изградени следниве објекти:

  • 1929: Природонаучен музеј
  • 1932: Народна банка во Битола
  • 1933: Народна банка во Скопје (разурната од Скопскиот земјотрес)