Рингстед
Рингстед е значаен град во Данска, кој се наоѓа во источниот дел на државата. Градот се наоѓа во рамките на регионот Зеланд, каде со околните населени местра претставува општина, Општина Рингстед. Денес Рингстед има околу 21.000 жители во градот и околу 33.000 во поширокото градско подрачје.
Рингстед | ||
---|---|---|
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Denmark" does not existМестоположба во Данска | ||
Координати: 55°26′33″N 11°47′24″E / 55.44250° СГШ; 11.79000° ИГД | ||
Население | ||
• Вкупно | 21.412 |
Природни услови
уредиРингстед се наоѓа во источниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, градот е оддалечен само 65 километри југозападно. Положбата на градот е поволна, на главниот прилаз до главниот град на Данска, па затоа градот забрзано се развива во последните неколку децении.
Релјеф: Градот Рингстед се наоѓа во средишниот дел на данскиот остров Зеланд. Градкосто подрачје е претежно рамничарско. Надморската височина на средиштето на градот се движи помеѓу 35-50 метри.
Клима: Климата во Рингстед е умерено-континентална под големо влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.
Води: Рингстед се формирал во внатрешноста, без непосреден допир со поголеми водени површини. Во рамките на градот постојат неколку многу мали езера.
Историја
уредиПодрачјето Рингстед било населено уште во времето на праисторијата. Населбата првпат се споменува во 1131 година, а трговските права ги добила во 1170 година.
И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.
Последните децении Рингстед станал важна сообраќајна точка помеѓу Копенхаген и останатиот дел од Данска, па затоа почнал брзо да се развива од поголемиот број градови со слична големина во Данска.
Население
уредиДенес Рингстед има околу 21.000 жители во градските граници и околу 33.000 жители со околните населени места.
Етнички состав: Населението на Рингстед до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.
Галерија
уреди-
-
Црква Св. Бендт
Надворешни врски
уреди„Рингстед“ на Ризницата ? |
- www.ringsted.dk Официјално мрежно место на градот Рингстед Архивирано на 7 мај 2021 г.